Чичко Крсто од Кратово е 52 години во љубов со тетка Пале: „Секое утро ја будам со бакнеж во образ, па ставам кафе и појадок“

„Каква и да имамо обврска у град да идемо - идемо заедно. Ја шо викам - со моето Пале идемо у пакет. Ако случајно се погоде само ед'н да иде, к'т се врне, одма раскажуе колку души го прашале дека е другио“ - вели чичко Крсто и на кратовски дијалект ја раскажува неговата љубовна приказна, која трае цели 52 години.

chichko-krsto-od-kratovo-e-52-godini-vo-ljubov-so-tetka-pale-sekoe-utro-ja-budam-i-bacuvam-vo-obraz-pa-stavam-kafe-i-pojadok-01.jpg

Крсто Трајков и Павлина Трајкова повеќе од половина век се заедно - нивната љубовна приказна трае цели 52 години.

Чичко Крсто од Кратово, кој долги години живее во Пробиштип, вели дека со својата Пале ги поминал и најубавите и „најшашавите“ моменти во животот, но дека повеќето од нив биле убави и среќни.

Нивната љубовна приказна тој ја сподели во Фејсбук-групата „Дворчето“, заедно со фотографија на која со својата сакана Павлина се гушнати и насмеани.

Во емотивната објава посветена на неговата сакана Пале (напишана на кратовски дијалект), тој го раскажа своето секојдневие, па вели:

„Ние често знаемо да кажемо летнаа годините. Не годините, не летат тики живото си поминуе и нас нè носе низ секакви доживувања.

Еве, ја и моето најубаво и најсакано Пале испунимо 52 години како смо заедно. К'т убаво, к'т шашаво, ама повеќе убаво.

Тој шо било поминало. Да се сеќавамо само на убавините кој смо ги поминале низ живото. Муабето ми е с'к како живеемо.

Епа овака. Навечер ја седам пред компјутеро до 11 и 30. Пред легнување застанам пред кревето, прекрстам се и речам: ‘Исусе Христе сине Божји опрости ми ги греовите на мене грешниот’.

Па се прекрстам и речам: ‘Исусе Христе сине Божји молам ти се прати ми едно ангелче да нè чува ноќеска и утре мене и мојата фамилија.

Легнувам и книгата у руки. Нек'т читам 10 минути, нек'т со саати.

К'т станам сабајле, завртам се накај исток, прекрстам се и речам: ‘Исусе Христе сине Божји опрости ми ги гревовите на мене грешниот’.

Па се прекрстам и речам ‘Исусе Христе сине Божји фала ти што сам жив, молам ти се чувај ми ја фамилијата, чувај ми ги роднините и пријателите, чувај ги и нашите непријатели, а чувај ме и мене со моето Пале’.

Идам на миење, па отклучувам вратата, отворам ја, прекрстам се и речам: ‘Исусе Христе фала ти за убавините што ни ги даваш’.

По враќањето у собата, облачам се, дигам ролетните, наместам огино и го запалам, клекнам на кревето до моето најубаво и најсакано Пале, бацам ја у образ и на чело и почиња нашата дневна одисеја.

Подадам ѝ рука да ја подигнам на кревето да седне, измасирам ја по грбо и плешките, донесам ѝ влечките да си ги облече, подадам ѝ двете руки и ја подигнам од кревето, гушнемо си се и ја, по навика, кажам некоја смешка, бацам ја на шијата и ѝ речам - д'но почнува.

chichko-krsto-od-kratovo-e-52-godini-vo-ljubov-so-tetka-pale-sekoe-utro-ja-budam-i-bacuvam-vo-obraz-pa-stavam-kafe-i-pojadok-02.jpg

Она иде да се измие, ја ставам кафе да се праве, правам, сек'т кратовско кафе, да не ми претече та т'к пуштам телевизоро.

По кафето следува доручек. Е, за тој ја сам задужен. Шо принесам тој јадемо, а ручек праве моето највредно, најубаво и најсакано Пале.

После тој следат дневните активности. Зимамо телефоните и на работа. Да видемо нашите пријатели шо прават, а и онија од Фејсбук пријатели шо прават.

Времето си врве и дојде време за второто кафе. Е, тој кафе го праве моето највредно, најубаво и најсакано Пале. Ја го викам кафе со цевче, а оно се викало нес-кафе.

Каква и да имамо обврска у град да идемо - идемо заедно. Ја шо викам, ја и моето Пале идемо у пакет. Ако случајно се погоде само ед'н да иде, к'т се врне, одма раскажуе колку души го прашале дека е другио.

Палето само ако иде, прашует гу дек е чичко Крсто, ја само ако идам прашует ме дек е моето Пале.

Доста пишува, ама оше сал овој: Овај година нашата годишнина од ЗАСАКУВАЊЕТО славимо гу со брат Џери и Снешка и брат Бајо и Јагода.

Пријатели наши, Бог да ве благослови со добро здравје, долг и среќен живот и со секакви убавини“.

chichko-krsto-od-kratovo-e-52-godini-vo-ljubov-so-tetka-pale-sekoe-utro-ja-budam-i-bacuvam-vo-obraz-pa-stavam-kafe-i-pojadok-03.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Снеже Велков влезе во море среде зима – се загрева со оро, водата е „кочан ладна“ (видео) „Ладно е кочан, но зборот е одржан – победа на умот и предрасудите“ – напиша Сне...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg