Вирален статус на Македонка против сите што шират предрасуди: „Вработена, а бара помош – како не ѝ е срам“

„Не смее да пие кафе, не смее да има другарки, од каде пари за кафе, уште малку да кажевте не смее да живее...“ – вели меѓу другото Маргарета Талески во нејзиниот вирален статус на Фејсбук во кој се пресмета со сите што шират предрасуди и ги осудуваат луѓето што бараат помош.

viralen-status-na-makedonka-protiv-site-shto-shirat-predrasudi-vrabotena-a-bara-pomosh-kako-ne-i-e-sram-01_copy.jpg

Социјалните мрежи се местото каде што луѓето скриени зад тастатурите без срам и без филтер јасно и гласно ги изнесуваат своите ставови и мислења, па понекогаш дури и безобразно се трудат да шират предрасуди.

Речиси на секоја објава во која некој бара помош или совет, ќе се најдат такви кои што сакаат да помогнат, но стопати повеќе има од оние што сакаат да мудруваат, да солат памет, да осудуваат и да обвинуваат.

Но, се чини дека забораваме нешто клучно – ако луѓето на кои им пишуваме не нѐ познаваат, тогаш и ние нив не ги познаваме и немаме право да им судиме, само врз основа на нивните фотографии објавени на социјалните мрежи или статусите.

viralen-status-na-makedonka-protiv-site-shto-shirat-predrasudi-vrabotena-a-bara-pomosh-kako-ne-i-e-sram-02.jpg

Во таа насока оди и статусот што на Фејсбук го објави претседеталката на здружението „Куќа на среќата“, Маргарета Талески, која заедно со својот тим несебично работи за тоа да им помогне на семејствата во социјален ризик и  да обезбеди бесплатен одмор.

Таа во својот последен статус на Фејсбук се осврна на сите оние што шират предрасуди и без трошка срам се дрзнуваат да ги оцрнат луѓето што бараат помош.

Нејзиниот статус ви го пренесуваме во целост:

„Види ја:

- Како убаво е облечена, а бара помош!

- Како оди исправено и гордо, па уште се нашминкала, а бара помош!

- Какви слики има ставено на Фејсбук и уште бара помош!

- Како не ѝ е срам вработена, а бара помош!

- Како не ѝ е срам да бара помош, нека земе нека работи!

- Седнала да пие кафе со другарките!

.........................................................................................

И додека вие не правите ништо, не сте ја ни прашале некогаш зошто бара помош, туку полесно ви било да ja oзборувате, осудувате, еве ќе ви кажам:

Види ја да:

- Таа е убаво, прекрасно облечена од донирана облека дури и брендирана, од облека која луѓето ја дале зошто повеќе не ја носеле, облека која не им била за фрлање, туку ќе може таа да ја носи.

- Да, таа ќе оди гордо и исправено зошто успеала да каже доста е насилство, зошто шминката ѝ ги крие модринките и трагите од насилство, зошто шминката ѝ ги крие подочниците додека вечерта бдеела над своето болно дете.

- Да, прекрасна е која ја гледам на Фејсбук, насмеана, убава, среќна - а зарем треба да стави слика каде е претепана и да ја сожалувате, слика од своето болно дете, слика од куќата во која живее?

- Вработена, а бара помош, зошто ги враќа кредитите на мажот коцкар кој ја задолжил и нејзе и нејзините деца и ги оставил, мажот кој не сака ни да слушне за нив, мажот кој ѝ го уништил животот, мажот кој ја избркал на улица и сега мора да живее под кирија и да се снаоѓа како знае и умее.

- Да земе да работи, но дали знаеш дека примаше хемотерапии до вчера? Да земе да работи, но дали знаеш дека таа не смее тешко да крева, дали знаеш дека дома има дете со посебни потреби кое нема кој да ѝ го чува???

- Не смее да пие кафе, не смее да има другарки, од каде пари за кафе, уште малку да кажевте не смее да живее...

Не, ништо не знаеш од ова, но полесно ти е да осудуваш отколку да помогнеш. Полесно е да си полн со омраза отколку со љубов.

Но, не е важно има луѓе со големи срца кои ја гледаат и сакаат без да ја осудуваат без да зборуваат. Луѓе кои се горди на неа, кои ѝ помогнале да се почувствува среќна, да застане на нозе. Луѓе кои се полни со љубов.

Обиди се можеби и ти некогаш можеш да бидеш таков/ва!“.

Што мислите вие? Брзаме ли да ги оцрниме луѓето без причина само затоа што се осмелиле да побараат помош? И дали тоа што имаат убави фотки на Фејсбук и на Инстаграм значи дека живеат живот од соништата?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Македонка ги откри најголемите грешки што ги прави по раѓањето на второто дете, а си ветила дека нем... „Реков нема да го научам бебето да спие во нашиот кревет, но...“, вели Зорица Ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg