Перо Антиќ повторно заљубен и среќен, со новата девојка се возат во пижами
- Детали
- вторник, 16 јануари 2024
„Ноќно возење во пижами“, пишува на една од првите заеднички фотки што ја објавија Перо Антиќ и Сања Ристиќ.
Перо Антиќ, поранешниот кошаркар и сегашен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, не ја крие врската со Сања Ристиќ, инфлуенсерка која работи како менаџер во семејна компанија, а ја паметиме и по детскиот хит „Ех, тој Тоше“.
Сања на Инстаграм Стори објави заедничка фотографија на која двајцата носат исти црвени пижами со мече и зимски капи.
„Ноќно возење во пижами“, напиша таа.
Антиќ, пак, во исто време сподели црно-бела фотографија од заљубен пар со порака „Голем луксуз е денес да имаш некој кој сака сè со тебе“ и емотикон срце. Оваа фотка ја реобјави Сања.
Тие и претходно преку фотографии на Инстаграм Стори навестуваа дека се во врска, па се тагнуваа на фотографии од заеднички патувања.
За потсетување, Сања ја помниме по една од омилените детски песнички „Ех, тој Тоше“, која ја испеа во тинејџерските години.
Таа во 2023-та се разведе од ракометарот Дејан Пецаковски, со кого има два сина.
Перо, пак, во 2019-та се разведе од тогашната сопруга Ружица, со која има три сина.
А. Ј. | Црнобело