8 глупави светски рекорди (кои никој не сака да ги сруши)
Најмногу поднесени тужби против фирми и луѓе и најбрзо пишување на тастатура со нос – кој е најглупавиот Гинисов рекорд за којшто сте слушнале?
Кога помислуваме на светски рекорди, обично помислуваме на работи како најстара личност или најдолга брада.
Но, во обемната Гинисова книга на рекорди можете дa најдете многу бизарни, но и многу глупави рекорди.
Оние бизарните се рекорди кои малку луѓе би пробале да ги срушат.
Глупавите, од друга страна, се рекорди кои се потполно бесмислени и нè тераат да се чудиме како некој воопшто се сетил на нив.
Во продолжение, дел од најглупавите рекорди:
Најмногу лубеници пресечени врз стомак
Штом името на рекордот мора да биде толку описно, јасно е дека станува збор за нешто глупаво.
Рекордот го држат Суреш П. и Прабакар Реди од Индија.
Едниот од нив лежел на грб и врз неговиот стомак стоеле лубеници кои другиот ги сечел со мачета.
Зa една минута, тие исекле 64 лубеници.
Најмногу капаци од тоалетни школки скршени со глава
Во септември 2007 година, Американецот Кевин Шели го срушил овој рекорд.
Тој скршил 46 капаци од тоалетни школки со неговата глава во период од една минута.
Најмногу поднесени тужби
Овој рекорд малку се разликува од претходните два, но сепак звучи глупаво.
Џонатан Ли Ричардс е мажот кој во текот на животот има поднесено над 4.000 тужби против компании и луѓе.
Тој има поднесено тужби против луѓе како Бил Гејтс и папата Бенедикт.
А, можеби најсмешно во целата ситуација е што во 2009-та, кога од Гинис го известиле дека го срушил рекордот, пробал да ги тужи и нив.
Најмногу помирисани стапала и пазуви
Од сите рекорди на листава, овој е можеби најодвратниот, но интересен е начинот на којшто е соборен.
Компаниите за продукти како антиперспиранти треба да имаат тестери.
Меделин Алберт од САД работела како тестер на продукти за стапалата и пазуви.
Па, во нејзината 15-годишна кариера, помирисала околу 5.600 стапала и можеби исто толку пазуви.