Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една

Две негови љубовници си го одзеле животот, а две добиле нервен слом. На ниту една жена не ѝ бил верен, а најлошо поминала таа која најмногу ја сакал.

burniot-ljuboven-zhivot-na-pikaso-imal-stotici-devojki-ne-bil-veren-na-nitu-edna01.jpg

Легендарниот сликар Пабло Пикасо е создавач на најценетите уметнички дела, а деталите од неговиот приватен живот и денес ја изненадуваат јавноста.

Создал околу 13.000 уметнички слики и над 300.000 други уметнички дела, како скулптури и гравури - повеќе од кој било друг уметник во историјата.

Неговата пасија кон уметноста единствено се рамнела со сексуалната енергија која ја имал.

Неколку детали за животот и бројните љубовници на Пикасо:

Татко му го научил да оди во јавни куќи

Роден е во 1881 година во Малага, Шпанија.

Неговиот татко, Дон Хосе Руиз, уметник и учител по уметност, секоја недела после миса одел во јавна куќа.

И, младиот Пабло го следел неговиот пример - првпат имал секс на само 13 години во јавна куќа.

burniot-ljuboven-zhivot-na-pikaso-imal-stotici-devojki-ne-bil-veren-na-nitu-edna-01.JPG

Пријателот му се самоубил откако Пикасо спиел со неговата девојка

Неговиот талент за уметност бил очигледен уште додека бил мал.

По завршувањето на уметничката школа во Мадрид, заминал во Париз во 1900-та, на 19-годишна возраст, со двајца другари сликари.

Едниот од нив се вљубил во девојка по име Жермен, но бидејќи бил импотентен, не можел да ја исполни својата љубов.

Откако дознал дека Пикасо спиел со неговата Жермен, тој си го одзел животот.

burniot-ljuboven-zhivot-na-pikaso-imal-stotici-devojki-ne-bil-veren-na-nitu-edna-03.JPG

Важел за голем заводник и правел сѐ за да ја освои секоја дама што му се допаѓала

Ниту во поодминатата старост не престанувал да им се додворува на помладите девојки, иако бил оженет.

Генијалниот уметник, всушност, бил непоправлив шармер, иако неговата техника на заведување била во најмала рака „невообичаена“.

burniot-ljuboven-zhivot-na-pikaso-imal-stotici-devojki-ne-bil-veren-na-nitu-edna-04.JPG

И во осмата деценија од животот неговиот сексуален апетит бил незапирлив

Кога ќе бил заинтересиран за убава млада девојка, ѝ подарувал златна фигура на маж со огромен пенис.

Тоа било знак дека сакал да има секс со неа. 

Освен тоа, на дамите им давал подароци, не грижејќи се за својата сопруга Жаклин, на која дури ѝ забранувал да влезе дома додека спиел со некоја љубовница.

Имал сексистички став кон жените

На моменти бил љубезен и чувствителен, а на моменти бил доминантен и се однесувал како тиранин.

Не можел да поднесе да биде без женски сопатник, а идеално за него било кога имал неколку љубовници во исто време.

Важно му било љубовниците да бидат покорни и пониски од него.

Низ животот имал осум долгогодишни врски со жени кои ги нарекувал свои музи. 

Две од нив доживеале нервен слом, а две си го одзеле животот.

burniot-ljuboven-zhivot-na-pikaso-imal-stotici-devojki-ne-bil-veren-na-nitu-edna-05.JPG

Пикасо е моминското презиме на неговата мајка

Les Demoiselles d’Avignon, неговата позната слика со 5 голи проститутки, често се наведува како доказ за неговиот презир кон спротивниот пол.

Сепак, ја обожавал својата мајка и затоа го зел нејзиното презиме Пикасо.

burniot-ljuboven-zhivot-na-pikaso-imal-stotici-devojki-ne-bil-veren-na-nitu-edna-6.JPG

Со балерината Олга Коклова добил син кој го крстил Паоло

Пабло го обожавал својот син и во периодот кога Паоло бил бебе, насликал низа нежни дела со мајки и бебиња.

Но, и ова блаженство кратко траело.

burniot-ljuboven-zhivot-na-pikaso-imal-stotici-devojki-ne-bil-veren-na-nitu-edna-7.JPG

Марија Тереза Валтер бил неговата најголема љубов

Марија Тереза му станала љубовница кога имала само 17 години.

Освен со неговата втора жена, љубовта со Марија Тереза најдолго му траела, бидејќи била интелигентна, но сепак му се покорувала.

Со неа ја добил ќерката Маја.

Со студентката по право Франсоа Жило, сликарот добил уште две деца - синот Клод и ќерката Палома.

Пред крајот на животот живеел во самотија, а неговите пријатели за тоа ја обвинувале 27-годишната Жаклин Рок, која имала егзотичен изглед.

Таа им забранила неговите деца и внуци од претходните жени да доаѓаат дома кај него.

burniot-ljuboven-zhivot-na-pikaso-imal-stotici-devojki-ne-bil-veren-na-nitu-edna-08.JPG

На неговиот гроб била поставена статуа од неговата најголема љубов

На 85-годишна возраст му се јавиле проблеми со простата, а починал во април 1973 година со Жаклин покрај него.

На неговиот гроб била поставена статуа од Марија Тереза, која 4 години по неговата смрт се обесила не можејќи да го поднесе животот без него.

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg