Бојадисајте ги велигденските јајца без хаос: Техника со ориз со која ќе се забавуваат и најмалите

Бојадисувањето јајца за Велигден може да биде вистински стрес ако имате мали деца кои сакаат да ви „помогнат“. Но, наместо тоа да ви биде проблем, претворете го во семејна забава која ќе заврши без премногу неред.

bojadisajte-gi-veligdenskite-jajca-bez-haos-tehnika-so-oriz-so-koja-kje-se-zabavuvaat-i-najmalite-01.jpg

Сите сакаат убави велигденски јајца. Но, освен класичната техника со боја, луѓето наоѓаат нови начини на вапсување јајца, особено кога имаат мали деца кои сакаат да помогнат.

Ова уште однапред значи хаос - истурена боја, искршени јајца, извалкан тепих. Но, што ако не мора да е така?

Постои начин да се забавувате со децата, да ги вапсате јајцата и да бидете сите задоволни.

bojadisajte-gi-veligdenskite-jajca-bez-haos-tehnika-so-oriz-so-koja-kje-se-zabavuvaat-i-najmalite-05.jpg

За да го постигнете тоа, вапсајте ги јајцата со помош на ориз.

Оваа техника е многу едноставна, нема да направите хаос дома, ни да се плашите дека никогаш нема да ја исчистите бојата од тепихот или чаршавите.

bojadisajte-gi-veligdenskite-jajca-bez-haos-tehnika-so-oriz-so-koja-kje-se-zabavuvaat-i-najmalite-02.jpg

Потребни ви се ориз, ќесички (или пластични садови со капак), боја за храна и тврдо сварени јајца.

Во секоја ќесичка ставете ориз (да биде полна околу ¼) а потоа неколку капки течна боја за храна. Измешајте ги за оризот да се обои.

Потоа, во ќесата ставете го тврдо вареното јајце, затворете ја и протресете. Зрната ориз ќе остават боја на јајцето.

bojadisajte-gi-veligdenskite-jajca-bez-haos-tehnika-so-oriz-so-koja-kje-se-zabavuvaat-i-najmalite-04.JPG

Можете да ги бојадисувате во една боја или во неколку (ако сакате шарени јајца).

Најдоброто од сè е што секое јајце ќе изгледа различно.

Кога ќе завршите, оризот во боја можете да го ставите во украсен сад и тука да ги наредите велигденските јајца.

bojadisajte-gi-veligdenskite-jajca-bez-haos-tehnika-so-oriz-so-koja-kje-se-zabavuvaat-i-najmalite-03.jpg

Погледнете ги видеата:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Морничавата приказна за канибалот Алберт Фиш - Тврдел дека гласови го тераат да убива Алберт Фиш е еден од најозлогласените сериски убијци кој бил и канибал. Откако б...
Инцест и блуд, убиства и криминал - Факти за семејството Борџија, едно од најизопачените во светот Ова семејство е синоним за злосторства, скандали и разврат - брат и сестра биле ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg