Пица, шпагети: Храна која нам ни е секојдневие, но била егзотична за нашите баби и дедовци
„Баба ми ми раскажуваше за моментот кога првпат пробала пица – имала околу 40 години. За неа дури и шпагетите биле егзотична храна“.
Благодарение на глобализацијата и подобрените технологии за транспорт и одгледување храна, денес ни се достапни намирници од целиот свет.
За многу продукти трошоците за транспорт се намалени, па можеме да јадеме храна која потекнува од другиот крај на светот за релативно ниска цена.
И, бидејќи и увезените продукти веќе ни се секојдневие, како да забораваме дека за нашите баби и дедовци, оваа храна била луксуз.
На Редит, неколку корисници, главно од Европа, споделуваат кои секојдневни намирници биле луксуз за нив во детството или за нивните баби и дедовци.
Дел од најзабавните одговори:
„Авокадо. Се сеќавам дека мајка ми купуваше само еднаш годишно, за Божиќ“.
„Дефинитивно суши“.
„Бев во 20-тите години од животот кога првпат слушнав за песто сос“.
„Маслиново масло. Кога бев дете, го купувавме во минијатурни шишенца“.
„Ананас. Кога бев мал, јадевме свеж ананас само еднаш годишно, ни го подаруваше побогат роднина. Секако, можевме да купиме ананас во конзерва, но самото овошје изгледаше како од некој вонземски свет“.
„Дедо ми ми има кажано дека за него, луксуз биле портокалите. Во детството добивал само еден портокал годишно, за Божиќ“.
„Баба ми ми раскажуваше за моментот кога првпат пробала пица – имала околу 40 години. За неа дури и шпагетите биле егзотична храна“.
„Пораснав во рурална Ирска во ’60-тите и ’70-тите. Се сеќавам кога првпат пробав паста. Тогаш беше луда егзотична храна што ни ја донесоа пријатели од Италија. Дури и соседите доаѓаа кај нас да ги пробаат“.
„Киви – се сеќавам кога почна да се појавува во маркетите. Изгледаше многу егзотично, и беше скапо“.
„Мандарини. Се сеќавам дека ги викав божиќни портокали бидејќи ги купувавме само тогаш“.
„Татко ми првпат видел портокал на 12-годишна возраст“.
„Еспресо. Првпат го пробав дури пред 15 години и сега ми е омилено кафе“.
„Доволно сум стар за да кажам дека кинеската храна беше егзотична“.
„Хамбургери. Пораснав во Англија и немаше сендвичарници како денес. Имаше само еден ресторан за хамбургери, се јадеше во ресторанот и го служеа хамбургерот со прибор“.
„Хумус. Првпат го пробав поради бившиот сопруг и мислев дека е многу чуден“.
„Цитрусно овошје во зима. Имав тетка која ни носеше цитрусни овошја како подарок за Божиќ бидејќи беа скапи“.
„Банани! Беа навистина егзотично овошје!“
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





