Пораки за Божиќ со кои може да им го честитате празникот на блиските

Ако барате божиќни честитки и пораки, со кои ќе им го честитате големиот празник на блиските и саканите, имаме неколку предлози кои може само да ги ископирате и препратите. 

poraki-za-bozhikj-so-koi-mozhe-da-im-go-chestitate-praznikot-na-bliskite-01_copy.jpg

По повод Христовото раѓање, христијаните го слават големиот празник Божиќ, а на овој убав ден, со блиските си посакуваат најубави желби за здравје, среќа и мир. 

Но, доколку сакате пораката до блиските да ви биде малку поразлична, имаме неколку предлози за вас. 

Божиќни честитки кои може да ги испратите во порака кај саканите на кои им го честитате празникот: 

Нека Божиќ ви го донесе мирот кој го барате, љубовта која ја заслужувате и радоста која трае цел живот. Среќен Божиќ!

Во ова свето време, ви посакувам мирно срце, топол дом и луѓе кои ви носат насмевка на лицето. Среќен Божиќ.

Ти испраќам ѕвезда со најубав сјај, многу здравје, среќа и љубов без крај. Среќен Божиќ!

Христос се роди! Нека божиќната ѕвезда го осветли твојот дом со љубов и топлина. Среќен Божиќ!

За Божиќ ви испраќам прегратки полни со топлина, насмевки полни со радост и срце полно со љубов. Христос се роди!

Среќен Божиќ и нека во здравје живее вашето плавославје. Ви посакувам вреќа полна со љубов, топлина и среќа!

Нека Бог во овие свети денови, ги чува сите твои сакани. За раѓањето на светиот Христ, ти посакувам цела куќа да ти заблеска, исполнета со љубов и топлина. Среќен Божиќ!

Во телото здравје, во душата мир, во мислите радост, во срцето младост, во домот топлина, секогаш љубовта да те води - Христос се роди! 

Домаќине, добар ден, денес славиш божиќен ден. На трпезата бадник стави и раѓање Христово слави. Бог нека цела среќа ти ја даде и злото од твоја близина да го украде. Среќен Божиќ!

Еден од моите блиски си баш ти, сè она што си го посакувам на себе, ви го посакувам на твоето семејство и тебе. Нека љубовта ве води секаде, мир Божји, Христос се роди!

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Најубавите новогодишни честитки што може да ги испратите за 2025 година Да наздравиме за пријателствата што ја прават секоја година поубава. Ви посакува...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg