Дел од морничавите случаи кои ја инспирирале серијата Adolescence: Тинејџер избодел девојче заради видео
Креаторите на Adolescence решиле да ја снимат серијата бидејќи изминатава деценија забележале зголемен број случаи на насилство помеѓу ученици. Сакале да ја зголемат свесноста за проблемот, но и да ги натераат родителите да сфатат на што се изложени нивните деца во ерата на социјалните мрежи.
Веќе две недели по ред, британската мини-серија Adolescence е најгледаната на Нетфликс.
Серијата премиерно беше прикажана на 13-ти март, а оттогаш ја изгледале над 60 милиони претплатници на стриминг платформата.
Она што ја прави серијата популарна е фактот дека е премногу реалистична, без разлика што главниот лик е 13-годишно дете осомничено за убиство.
На искрен, но и вознемирувачки начин, серијата навлегува во теми како булинг, особено на социјалните мрежи, и на возрасните им ги отвора очите кон свет за кој веројатно не ни биле свесни дека постои.
Серијата не е инспирирана од еден настан, туку генерално од зголемениот број на случаи на насилство во основните и средните училишта.
Креаторите, кои се од Англија, решиле да ја снимат серијата бидејќи изминативе 10 години, во англиските училишта се случиле низа напади и свирепи убиства од страна на ученици.
И, решиле дека е време да се зголеми свесноста за овој проблем, но и сакале да ѝ дадат до знаење на јавноста дека интернетот може да биде многу опасно место за деца и тинејџери.
Дел од вознемирувачките случаи кои ја инспирирале серијата:
Бријана Геј
Бријана била 16-годишна трансродова девојка која била избодена дури 28 пати.
Бријана била убиена во 2023-та, од тогаш 15-годишните Еди Ретклиф и Скарлет Џенкинсон.
Бријана и Еди оделе во исто училиште и се знаеле бидејќи тинејџерката понекогаш купувала марихуана од кај него.
Во февруари 2023 година, Еди и Бријана се сретнале, а со нив дошла и Скарлет.
Еди ѝ рекол на Бријана дека ќе користат дрога и дека Скарлет е таа што треба да ја обезбеди.
Тројцата отишле во парк каде што ѝ кажале на Бријана дека треба да се сретнат со дилерот на Скарлет.
И, тогаш Еди и Скарлет ја нападнале Бријана со ловечки нож, нанесувајќи ѝ 28 повреди.
Откако си заминале, телото на Бријана било пронајдено од пар кој бил на прошетка во паркот.
Веднаш повикале брза помош, но девојката била прогласена за мртва на самото место.
Еди и Скарлет биле уапсени следниот ден, а добиле доживотни казни затвор, со можност за помилување по 20 години.
Еди имал аутизам, додека и тој и Скарлет биле опседнати со убиства.
Истрагата покажала дека убиството било планирано, иако се дебатира дали е поради трансфобија.
Наводно, по судењето, Еди зборувал со психијатар на кој му кажал дека се плашел дека ќе ја изгуби Бријана како пријателка, па ја убил за засекогаш да биде со него.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





