8 глупави светски рекорди (кои никој не сака да ги сруши)
Најмногу скршени коски во текот на животот
Американецот Ивел Книвел е еден од пионерите во изведување акробации со мотоцикл.
До 1975 година, тој имал 433 скршеници на коските.
Следната година сфатил дека е време да се пензионира откако поради пад од мотоциклот, имал потрес на мозокот и скршил уште две коски.
Најмногу ротации во минута со помош на дупчалка
Поради некоја причина, во 2008 година, Германецот познат како The Huy Giang прицврстил дупчалка на таван, се фатил за неа, ја вклучил и почнал да се врти.
Во една минута, направил 148 вакви ротации и влегол во Гинисоват книга на рекорди.
Најбрзо возење мотоцикл без гледање
Овој рекорд не е само глупав, туку и мошне опасен.
Во 2003 година, Били Бакстер од Англија возел мотоцикл со брзина од 265,33 km/h.
А, Били го изгубил видот уште во 1997 година, што значи не гледал ништо.
Најбрзо пишување на тастатура со нос
Во 2017 година, Индиецот Давингер Синг напишал 103 карактери во период од 40,19 секунди, користејќи го само носот.
Тој ја напишал следнава реченица, но на англиски: „Од Гинис ме предизвикаа да ја напишам оваа реченица со носот, најбрзо што можам“.
Спирова С. | Црнобело