Успешни Македонци низ светот: Д-р Ана Кацарска е гинеколог – акушер во Дубаи

„Заминав сама, иако никогаш претходно не сум била овде. Луѓето се многу пријатни и гостопримливи. Во Дубаи никогаш немате чувство дека сте сами“ – раскажува д-р Ана Кацарска од Скопје, гинеколог – акушер во приватна болница во Дубаи.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-d-r-ana-kacarska-e-ginekolog-akusher-vo-dubai-01.jpg

Д-р Ана Кацарска од Скопје е гинеколог – акушер која веќе 2 години работи во Дубаи.

„Отсекогаш имав желба и сакав да живеам и работам во мултиетничко општество со повеќе националности. Заминав сама, иако никогаш претходно не сум била во Дубаи, единствено имав читано за градот дека е многу динамичен и дека брзо се развива и една од работите што ја сакам за градот е токму таа динамика“.

Прочитајте го интервјуто со д-р Ана Кацарска:

Колку време ви беше потребно да се навикнете на животот таму?

Се навикнав прилично брзо. Луѓето што живеат овде се многу пријатни и гостопримливи и секогаш се подготвени да помогнат. Во Дубаи никогаш немате чувство дека сте сами.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-d-r-ana-kacarska-e-ginekolog-akusher-vo-dubai-07.jpg

Како бевте прифатени како доктор од Македонија? Дали ви беа признаени сите дипломи од образованието?

За работа во Дубаи како доктор секогаш зависи од која земја доаѓате, различни се и критериумите. За мене беше потребно да се положи тест кој не беше воопшто лесен, но желбата да се биде дел од светот беше поголема од сè.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-d-r-ana-kacarska-e-ginekolog-akusher-vo-dubai-09.jpg

Дали работите во приватна или државна болница? Колку е поразлично искуството на раѓање од Македонија?

Работам во приватна болница. Има постојано новитети, се следат секогаш светските трендови, во болницата каде што работам има можност за родилките за „water birth“.

Да се работи со доктори од целиот свет е навистина голем предизвик, но и можност секогаш да се научат нови оперативни техники.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-d-r-ana-kacarska-e-ginekolog-akusher-vo-dubai-03.jpg

Начинот на породување е индивидуален како и кај нас и во зависност од самата бременост, доста од пациентките сакаат и се одлучуваат за „water birth“, најверојатно од желбата да се види и проба едно поразлично искуство.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-d-r-ana-kacarska-e-ginekolog-akusher-vo-dubai-05.jpg

Постои ли можност за брз напредок во кариерата во Дубаи? 

Дубаи е одлично место за луѓето кои имаат желба нешто да постигнат, градот нуди одлични услови за брз напредок, бидејќи животот во Дубаи е навистина динамичен и брзо прогресивен.

Секојдневно се случуваат премногу настани и конференции, има многу што да се види и научи.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-d-r-ana-kacarska-e-ginekolog-akusher-vo-dubai-02.jpg

uspeshni-makedonci-niz-svetot-d-r-ana-kacarska-e-ginekolog-akusher-vo-dubai-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Маја Андоновска, инспиративна битолчанка со урбан стил која ја негува и традицијата „Се трудам секогаш да го одржувам она што мајката природа ми го подарила физички...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg