Места ширум светот со најмногу рестрикции за посетители (забранети се и за најмоќните лидери)

Капелата во којашто се верува дека се наоѓа ковчегот со 10-те божји заповеди е во Етиопија. Но, никој не смее да го види ковчегот, дури ни претседателот на државата.

mesta-shirum-svetot-so-najmnogu-restrikcii-za-posetiteli-zabraneti-se-i-za-najmokjnite-lideri01.jpg

Дури и најголемите авантуристи кои го пропатувале целиот свет не можат да посетат некои места на Земјата.

Ова се установи, згради во сопственост на моќни компании или, пак, природни резервати со огромно обезбедување, каде што влезот им е дозволен на многу мал број луѓе, некогаш и само еден.

Неколку вакви места во продолжение:

Сефовите на Банката на Англија (Bank of England), Лондон

Една од најмоќните институции во Обединетото кралство е, секако, Банката на Англија.

Во сефот на банката се наоѓаат над 5.000 тони злато кои се проценуваат на 200 милијарди фунти.

Освен обезбедувањето и вработените со овластување, како и кралот, никој не смее да влезе внатре.

А, за да се отворат вратите, потребни се три различни клуча.

mesta-shirum-svetot-so-najmnogu-restrikcii-za-posetiteli-zabraneti-se-i-za-najmokjnite-lideri-02.JPG

Островот Суртсеј, Исланд

Суртсеј е вулкански остров кој се наоѓа на јужниот брег на Исланд и е ненаселен.

Притоа, островот има огромна значајност бидејќи некогаш бил пусто место на кое денес живеат околу 12 видови птици и фоки, како и некои видови растенија.

И, секако, луѓето имаат забрана да стапнат на островот.

mesta-shirum-svetot-so-najmnogu-restrikcii-za-posetiteli-zabraneti-se-i-za-najmokjnite-lideri-03.JPG

Капелата на Заветниот ковчег, Етиопија

Според Библијата, Заветниот ковчег е всушност ковчегот во кој се наоѓаат двете камени плочи на кои се испишани 10-те божји заповеди.

А, според верниците, овој ковчег, кој денес би бил бесценет, се наоѓа во капела во Етиопија.

Ковчегот е затворен во капелата и никој не смее да го види, дури ни претседателот на Етиопија.

Ковчегот го надгледува само еден свештеник кој никогаш не ја напушта капелата.

mesta-shirum-svetot-so-najmnogu-restrikcii-za-posetiteli-zabraneti-se-i-za-najmokjnite-lideri-04.JPG

Село на народот Јаномани, Бразил

Јаноманите се домородно население во Венецуела и Бразил.

Живеат во околу 250 различни села во близина на границата помеѓу двете земји, а денес има околу 35.000 Јаномани.

Едно од овие села немало контакт со надворешниот свет, па властите го штитат и не дозволуваат да биде посетено.

mesta-shirum-svetot-so-najmnogu-restrikcii-za-posetiteli-zabraneti-se-i-za-najmokjnite-lideri-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Емотивна приказна на мајка од Африка: Ѝ ја украле ќерката 3 дена откако ја родила, ја нашла по 18 го... Само три дена откако Селесте од Јужна Африка се породила, нејзината ќерка била у...
Разводи, ненадејна смрт – Луѓе за кои милионската добивка на лотарија била клетва наместо благослов Маргарет Лори од Ирска освоила над 27 милиони евра на лотарија, но поради ова се...
Екстравагантна свадба во Швајцарија е како ледена бајка: Невестата „смрзната“ во коцка мраз, ангел л... Невеста „замрзната“ во коцка мраз, маж преправен во ангел кој „лета“ над младенц...
15 фото-докази дека Австралија е необично место за живот Австралија е прекрасен континент - убави градби, уникатна флора и фауна, дом на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg