Грција, Бали: Туристички дестинации кои се идеални за одмор, но не и за живот
„Хаваите се убава дестинација и не е толку ужасно за живеење. Но, може да биде екстремно скапо и оние кои не се богати, обично имаат по две работни места само за да преживеат“.
Изминативе неколку години сè почесто слушаме за луѓе кои живеат на популарни туристички дестинации на кои им пречат многуте туристи.
Од друга страна, има и земји кои сE сон за туристите, но поради сиромаштијата и низа други фактори, не се баш идеали за живот.
Кои атрактивни дестинации не се добри за живот, според корисници на Редит?
„Островските земји во Западни Инди, како Бахамите и Карибите. Има многу богати туристи, додека локалците се екстремно сиромашни.
Еднаш бев во домот на локалец Во Света Луција, работеше како таксист за еден од луксузните ресорти. Живееше во село во кое имаше само еден бунар и еден јавен тоалет.
Никогаш не сум видел таква сиромаштија. Не можев да поверувам на огромната разлика помеѓу богатите ресорти и локалците кои работат таму“.
„Бразил. Од Англија сум и извесен период живеев таму. Во поголемиот Дел од годината е многу топло и воздухот е толку влажен, што е тешко да се дише.
Има многу социоекономски проблеми – дрога, насилство, организиран криминал, невработеност, загадена вода, загаден воздух…“
„Грција. Моментално економијата е ужасна и за нас е невозможно да купиме дом. Има голем проблем со невработеност и ниски плати“.
„Живеам во Порторико. Луѓето се прекрасни, хранатa е одлична и целиот остров е навистина убав.
Но, економијата, недостатокот од работни места и честите проблеми со струја и вода го прават животот ужасен, освен ако не си некоја многу богата личност“.
„Куба – навистина е убава. Но, некои работат за 15 долари месечно, а килограм пилешко чини 6 долари, па никогаш не стигнуваат пари. Некогаш нема струја Со денови и инфраструктурата е ужасна.
Ако сакаме да се преселиме, треба да штедиме 30 години за да можеме да ги покриеме тие трошоци. Има и проблеми со здравствениот систем и немаме каде да се пожалиме“
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





