Места ширум светот со најмногу рестрикции за посетители (забранети се и за најмоќните лидери)
Zone rouge (црвена зона), Франција
Во североисточниот дел на Франција се наоѓаат неколку области кои се изолирани и забранети за јавноста.
Забраната е на сила по крајот на Првата светска војна бидејќи областа е премногу оштетена од воените конфликти, има остатоци од оружје, вклучувјаќи и неексплодирани гранати.
Почвата, пак, е загадена со штетни хемикалии како арсен.
Оддел 39 (Division 39), Северна Кореја
Оддел 39 се однесува на тајна партиска организација во Северна Кореја и она што го знаеме за неа се шпекулации.
Наводно, најмоќните во Северна Кореја, вклучувајќи го Ким Џонг Ун, ја користат организацијата за правење лажни банкноти, произведување контролирани супстанции и низа други измами.
Некои веруваат дека преку оваа организација, Северна Кореја „наоѓа“ пари за својата програма со нуклеарни оружја.
Според изворите, седиштето на Оддел 39 се наоѓа во зграда во Пјонгјанг, во близина на куќата на лидерот на земјата.
И, секако, има огромно обезбедување.
Центрите за податоци на Гугл
Гугл има над 30 центри за податоци ширум светот.
Овие центри се огромни згради каде што се наоѓаат серверите на Гугл и сите останати уреди и машини што се потребни за функционирање на компанијата.
Па, јасно е зошто влезот на овие места е забранет.
Не се дозволени никакви тури, а наводно само помалку од 1% од вработените во Гугл смеат да влезат внатре.
А, за да влезат, поминуваат неколку безбедносни проверки, како скенирање лице и очи, картички за влез, проверка на отпечатоци и слично.
Трезорот за семиња Свалбард на Арктикот
Норвешка е земјата којашто управува со таканаречениот трезор за семиња кој е лоциран на Арктикот.
Овде се наоѓаат семиња од над 800.000 растенија во случај да настане некаква глобална катастрофа која ќе уништи голем дел од растителниот свет.
Во трезорот нема луѓе со постојано работно место и за да се влезе внатре, потребни се неколку различни кодови, а ниту една личност не ги знае сите.
Спирова С. | Црнобело