Беше понеделник, трчав да фатам 7-ца, надвор имаше магла и беше прилично тмурно утро. Во раката на телефон ја држев табелата со резултати од испитите и зјапав во моите поени, брзајќи да стигнам на увид. Како што Марфи секогаш има изопачена смисла за хумор, за еден поен немав 10-ка.
Секојдневно додека постоите ќе наидувате на луѓе кои имаат една цел во своето живеење, да го расипат денот на другите. За жал колку и да се обидувате да ги одбегнувате...
Утро, темно утро со многу магла, ден 1.200-ти од денот кога слушнав малку посакувани зборови. Темна ми е душата како и утрото.
Постојано слушаме како младината денес е ваква или онаква. Ставени се на „на тапет“ и имам чувство дека секогаш се истакнуваат прво нивните маани...
Постојат многу лоши пороци во животот на кои што можеш да се навлечеш кога ќе наидат тешки моменти во твојот живот. Баба ми знаеше да каже дека од лошото има полошо, таа секогаш велеше дека на женкарот ќе му помине машкоста, пијаниот ќе се отрезни, но оној кој се зафатил со комар, за него нема враќање назад.
Кога бев на факултет бев убедена дека животот после дипломирањето ќе ми биде поприлично линеарен: работа, кариера, семејство, по малку одмор...
Моментот е сега, тука, додека размислувате, додека зборувате. Нема да има повторување на сличен таков момент, без разлика колку се трудите да ги наместите работите на ист начин.
Вчера излегов после долго време. Знаете, јас сум од оние луѓе на кои кога ќе им се натрупаат обврски, помило им е да ја поминат вечерта во прегратките на саканата личност. Но, си реков, ајде, одамна не сум бил, зошто да не?!
Мамо, мамо, возбудено врескам околу некоја мала сликовница, додека го лепам носето на стаклото од продавницата за играчки. Може да ја купиме, нели?
Науката докажала дека природата има способност да лекува. Излезете надвор и пронајдете малку време да се поврзете со природата...
Деновиве дечињата весело зујат околу изведбата на претставата „Маша и Медо“. Не можеме да навлегуваме во вкусот на дечињата, бидејќи тие содржини како прасето Пепа, госпоѓицата Елса...
Си велам каков ќе беше животот, ако имав кому да се јавам за да ги споделам успесите кои ги остварував секојдневно? Како ќе изгледаа овие парчиња облека ако имаше некој...
Во денешно време луѓето си земаат многу работи здраво за готово, забораваат дека со секоја секунда од нивното постоење работите можат да се променат и она што било претходно да не биде никогаш повторно.
Еве која е најголемата трагедија со која се соочуваме, покрај нели, многуте трагични ситуации на денешницата – оној момент кога барате пари...
Луѓето знаат да бидат опасни играчи кога станува збор за остварување на нивните цели. Отсекогаш ме скокоткало прашањето дали треба да се движиш во нормите и да го правиш она што е правилно или понекогаш, одвреме навреме или можеби секогаш треба да играш валкано за да ги оствариш она што е во твоите замисли.
Затвори ги очите, само на момент изолирај се во твојата фантазија. Не мисли на светот и на сите отровни нешта кои излегуваат од него. Заборави на сите проблеми, на сите нервози, на сите подеми и падови на твојот трнлив пат. Само замижи и изолирај се во тишина која се наоѓа во твојата глава...
Ноќ е, стрелките на часовникот форсираат да дојде утро, сам сум и имам црни мисли во главата. Не можам да си објаснам, но отсекогаш се чувствував како да не припаѓам тука, како ова место и ова време да се стегите кои ме држат да полетам...
Се разбудив денес, можам да ги отворам очите и повторно да ја почувствувам светлината која насилно влегува во моите зеници правејќи да се чувствувам непријатно. Ја кревам главата и го чувствувам убавиот мирис на ванила од освежувачот во десниот агол од просторијата.