Што кога детската насмевка чини 500 денари?

Деновиве дечињата весело зујат околу изведбата на претставата „Маша и Медо“. Не можеме да навлегуваме во вкусот на дечињата, бидејќи тие содржини како прасето Пепа, госпоѓицата Елса и (не)славните Телетабиси нам можеби ни изгледаат бизарно смешни, но најважно е дека нив ги радуваат, а нивната насмевка е најважна, нели?

Sto-koga-detskata-nasmevka-chini-500-denari-01.jpg

Што кога детската насмевка чини просечни 500 денари од билет?

Со сомнеж и неверување ја анализирам цената на билетите кои се движат од 400-600 ден. Ајде удрете ја математиката за две деца. Ајде сега за три деца. И родителите секако, веројатно нема сами да ја гледаат претставата. Каде е превозот, паркирањето, каде е сокчето и грицките кои ќе ги посака детенцето?

Пред да скокнете и да речете дека среќата на децата нема цена, за волја на вистината, не сте во право. Здравјето нема цена, претставите од ваков тип се опционални. Но, зошто да немаат можност да ги видат сите дечиња доколку имаат желба? Ова е толку минимално задоволство, не е мал луксузен автомобил на акумулатор.

Дали некој размислува за просечната плата или пак можеби за социјално загрозените или еднородителските семејства? Или и во детскиот свет владеат истите правила како и кај возрасните, немаш пари за билет, не си добредојден. Знаеме дека за некои луѓе 500 денари се смешка, а за други се повеќе од половина дневница.

Како да му се објасни на детето математиката и дупката во семејниот буџет поради одењето на нешто толку едноставно како детска претстава? Треба ли семејството да страда и да се лиши од други работи за толку малечко и секојдневно задоволство?

Дали проблемот е во цената на високата карта или во нашите мали плати? Или можеби во двете? Или што вечно чекаме некој друг да ни дојде и да ни испарадира на сцената, наместо самите да си направиме детска претстава, без астрономска цена за детски билет.

Драги храбри родители, сочувствувам со вас, вашите напори да им овозможите сè на дечињата, да го прекројувате паричникот по 6 пати за да може безгрижно да уживаат и да се смеат. Вам знам дека не ви е дојдено до смеење, туку до плачка. Ви ја стискам раката, затоа што не е лесно, тажно е, толку проклето тажно.

И самата си ја стискам раката на нелогичноста и неправдата која слично како и во детскиот свет, владее и во светот на возрасните. Успеавме да изгледаме феноменална претстава со 20 актери на сцена за 150 денари, а веќе наредниот избор со само 2 актери на штиците, чини вртоглави 600 денари.

Подоцна нè обвинуваат како да била и 100 денари немало никој да појде, бидејќи немаме основно чувство за уметност и култура, и секако ќе сме ги потрошеле тие пари во кафеана. Еве, одговорно ви тврдам дека не е така.

Не му е дојдено секому до таа кафеана. Некој сака концерти, некој сака театарски претстави, а некој има желба да погледне филм во кино, наместо да се кичми дома пред телевизорот.

Но, немаме доволно финансии за тоа. Скапо е, дајте да не се лажеме повеќе и да бараме празни изговори.

И сакаме уметност, сакаме да го развиваме деликатното културно непце... а реалноста е дека тоа е можно, по бајаги солена цена.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Кога стана толку безобразно скапо да се излезе на „пијачка“ во Скопје? Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg