Пропуштени патувања, премногу работење: 8 работи за кои жалат луѓето кога ќе остарат

Моментот е сега, тука, додека размислувате, додека зборувате. Нема да има повторување на сличен таков момент, без разлика колку се трудите да ги наместите работите на ист начин. 

raboti-za-koi-zalat-lugeto-koga-ke-ostarat-01

Затоа не се мислете да го направите она што ви лежи на срцето за да имате денови полни спомени, а не приказни полни каење. Луѓето во денешницата честопати жалат за:

1. Пропуштените патувања кои имале можност да ги остварат

Да одам, да не одам, дали ќе биде добро, дали ќе се погоди дружбата? Од непотегливост, од преголемо двоумење... луѓето често ги пропуштаат патувањата, а потоа се каат кога ќе ги слушнат сите добри случки кои произлегле од тоа патешествие.

2. Тоа што порано не сфатиле колку се прекрасни

Без разлика дали сте имале килограми плус или вашата коса била со шишки или без... Без разлика кој е вашиот стил и начинот на кој живеете, секој од нас знае да биде во депресија за своите несовршености кои со текот на времето сме сфатиле дека се незначајни, споредени со другите квалитети кои ги поседуваме.

3. Не ја напуштиле ужасната работа

Вашиот шеф ве малтретира, платата е мала, но од страв дека нема да најдете нешто подобро останувате заглавени во тој круг на нервозата кој одново и одново ви го загорчува вашето секојдневие.

4. Моментите кога не рекле „Те сакам“

Дали ќе ја изгубам како другарка, дали некогаш тој ќе ме гледа со други очи... реченици кои се вртат во главата на оној кој е исплашен да ги каже своите емоции. Многу солзи кога некој ќе си замине, а претходно пропуштени мигови полни со тишина кога можело да одекне едно искрено „Те сакам“.

5. Неслушање на советот на родителите

Иако понекогаш мислиме дека не се во право и дека не го знаат најдоброто, сепак забораваме дека родителите ни го мислат најдоброто. Нивниот совет колку и да ни изгледа нелогичен, сепак е најдобронамерен и пред да донесеме конечна одлука треба да го земеме во предвид. Кој друг би нè поддржал на таков начин?

6. Незавршувањето на факултет

Можеби пијанките и забавите ви се гледале како поинтересни од вашата диплома, но секојдневно постарите знаат да кажат, ех на времето да си одев на испити и да полагав на време, сега немаше да се мачам вака.

7. Премногу работење

Понекогаш парите се најважни, но сигурно не се поважни од првиот роденден на вашите деца или годишнината на вашиот брак. Многумина честопати поради работа и желбата за уште и уште забораваат да ја ценат среќата на другите и ги испуштаат овие мали работи на сметка на повеќе работни саати.

8. Премногу грижа за сенешто

Дали ова ќе биде вака, дали ова ќе биде така... Размислување одново и одново, преповторување на сите постапки и случувања, од кои само ќе ве заболи главата. Кога сè ќе помине, ќе сфатите дека сето тоа било залудно губење време за ништо.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...
Јавете им се на родителите, одете кај баба ви и дедо ви – не знаете колку време ви останува со нив Не можам да ви кажам што ќе ви донесе утрешниот ден, но можам да ви го кажам сле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg