Кој поминува подобро во животот - оној кој се снаоѓа или оној кој игра по правилата?

Луѓето знаат да бидат опасни играчи кога станува збор за остварување на нивните цели. Отсекогаш ме скокоткало прашањето дали треба да се движиш во нормите и да го правиш она што е правилно или понекогаш, одвреме навреме или можеби секогаш треба да играш валкано за да ги оствариш она што е во твоите замисли.

koj-pominuva-podobro-vo-zivotot-onoj-koj-se-snaoga-ili-igra-po-pravilata-001.jpg

Дали патеката кон успехот треба да подразбира борба во која се употребуваат сите методи, иако тоа претставува кршење на правилата или треба да играме секогаш чесно?

Баба ми често знаеше да каже дека само оној кој знае, по нејзино кажано во наводници  „да се снајде во животот“ ќе успее многу повеќе од оној кој макотрпно се труди капка по капка да го изгради она што го замислил.

Во душата често имав контрадикции на две различни размислувања, дали да бидам оној кој се снаоѓа или оној кој секогаш ќе игра фер. Кога беше поголема радоста, кога нешто ќе се оствари по потешкиот пат или кога тоа ќе го направиш на најлесниот можен начин?

Дали тоа повлекува кукавичност или повторно се препишува на снаодливост и која беше всушност границата помеѓу едното и другото.

Се сеќавам додека растевме со брат ми, јас бев оној кој редеше петки во дневникот, ученик кој не стануваше од книгата и секогаш се трудеше сè да биде завршено на време, уредно предадено без никаква побуна.

Брат ми, за разлика од мене никогаш не учеше, препишуваше, никогаш не пишуваше домашни и се сеќавам дека професорите му велеа пред моите очи, ти ќе се снајдеш подобро од брат ти.

Дали тие ми даваа индикации дека и јас треба да минувам лесно во животот, да го скокам она што е по правилата и да пробувам да се снаоѓам служејќи се со нешто различно од моите способности?

Дали танцот на животот наместо елегантно, чисто, аргентинско танго требаше да го претворам во валкано пасо добле?

Што беше правилно и дали постоеше нешто што може да се карактеризира како правилно?

Дали она што беше наметнато од општеството беше вистинската патека во животот, дали способностите требаше да го движат општеството и ако беше така тогаш зошто луѓето сè помалку и помалку се ослонуваа на своите способности, а бараа начин да играат валкано?

Кој успех беше вистински успех, и дали воопшто постоеше нешто што може да се нарече вистински успех или и двата беа успеси без разлика како се постигнати?

Дали оној кој игра чисто и искрено е наивен и прост во очите на животот и дали стратегијата на игра треба да биде променета пред да е доцна или едноставно тоа беше одлука на идивидуата дали да се биде во тимот на херои или да се игра за тимот на лошите момци?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg