Љубовната приказна на Златан Ибрахимовиќ и Хелена Сегер - таа е 11 години постара од него, на првата средба се скарале за паркинг
- Детали
- четврток, 19 јануари 2023
„Животот со него не е лесен, но не е лесно ниту да се живее со мене“ – вели партнерката на Златан Ибрахимовиќ, Хелена Сегер. Шведската убавица и во шестата деценија од животот мами воздишки со својот изглед, а откри како го запознала фудбалерот со босанско потекло.
Врската на Златан Ибрахимовиќ (41) и Хелена Сегер (52) важи за еден од најскладните кај познатите. Парот веќе две децении е заедно и имаат две деца, а таа е 11 години постара од него.
Иако во светот е најпозната како партнерка на познатиот фудбалер, Хелена кога го запознала Златан веќе била реализирана личност на која воопшто не ѝ се допаѓала неговата ароганција. Таа била познат шведски модел и отсекогаш сакала да ја сочува својата приватност.
Во интервју за италијанскиот весник Corriere della Serа Златан во една прилика откри која е тајната на нивната среќна врска:
„Трпението и балансот што ми го дава. Хелена отсекогаш била многу позрела од мене“ – рече тој.
Иако важи за жена што сака да ја сочува својата приватност од очите на јавноста Хелена во повеќе прилики говорела за нејзината врска со Златан, па така еднаш рече:
„Кога го запознав Златан тој имаше 21 година, а јас 32. Јас имав кариера и богатство, не ми требаше фудбалер за да ме издржува. Бев самостојна, а тој воопшто не беше мој тип на маж“ – рече таа.
Нивното запознавање било сосема случајно, па Хелена откри дека воопшто не била импресионирана кога за првпат го видела фудбалерот по кого воздивнуваат голем број жени низ светот.
„Со своето Ferrari беше паркиран така што ме блокира и не можев да излезам со мојот Mercedes. Го видов само неговиот голем нос и златен часовник на раката и луто му реков во истата секунда да се помести.
Тој во тој миг очигледно виде нешто што му се допаѓа.
Животот со него не е лесен, но не е лесно ниту да се живее со мене. Ми се допаѓа тоа што можам да му се спротивставам, јас сум своја личност, Луѓето не знаат колку работев, се жртвував и работев за да станам успешна и затоа ми пречи кога ме нарекуваат ‘партнерката на Ибрахимовиќ’ или ‘жена на фудбалер’“ – рече таа.
Хелена слично како Златан имала скромни почетоци, па морала да работи како келнерка и продавачка за да си ги плати студиите.
Магистрирала во областа на економијата, а денес работи како директор во позната компании.
Некои медиуми наведуваат дека Хелена со Златан има договор дека кога тој ќе се пензионира мора да ја превземе грижата за синовите Максимилијан и Винсент.
Прочитајте и Купил црква во која ќе живее по пензионирањето, има остров за лов - Како Златан Ибрахимовиќ ги троши парите?
Неодамна Хелена беше фотографирана заедно со Златан на плажа во Флорида, а од папараци фотографиите може да се забележи дека иако е во шестата деценија од животот таа изгледа како извајана.