Факти за Златан Ибрахимовиќ, дрскиот фудбалер кој го освои светот – удри соиграч, навреди новинарка
- Детали
- вторник, 06 јули 2021
„Не можете да бидете љубезни во овој спорт“ - вели човекот кого го викаат уште и „Ибракадабра“ поради магијата што ја создава на фудбалскиот терен. Познат е како фудбалерот со најлош став, избувлив, арогантен … Во продолжение повеќе факти за него што можеби и не сте ги знаеле досега.
За животот на познатиот фудбалер ќе биде направен и филм што ќе го носи истото име како и неговата автобиографија „Јас сум Златан“.
Играчот потпиша нов договор и ја продолжува кариерата во Милан и по 40-тата година, но како од деликвент на шведските улици тој стасал до тоа да биде еден од најдобрите напаѓачи во светот?
Во автобиографијата беа застапени повеќе детали од неговото детство и од неговиот живот, што прикажуваат како од деликвент на улиците во Малме, Шведска, Златан стана еден од најпознатите светски играчи и се стекна со прекарот „Ибракадабра“.
Златан бил мошне забавен за публиката, како со магичната игра на теренот, така и со настаните надвор од теренот.
Ако се следат условите во кои растел, неговото детство тогаш можеби и помалку би можеле да најдеме оправдување за тоа зошто тој и до ден денес остана забележан како „играчот со најлош став“, неговата ароганција и тврдоглавост. Како детето на хрватска негувателка и хигиеничар од Босна стана еден од најславните играчи во светот?
Како што наведува и во својата биографија, тој е роден на 3-ти октомври 1981-та година во семејство на босански имигранти во Малме, Шведска. Татко му и мајка му немале среќен брак. На возраст од само две години Златан бил сведок на тоа како по бројните расправии, кавги, запоставување на децата, неговите родители одлучиле да се разведат.
Златан останал да живее со неговата мајка, но најтешко му паднало кога таа одлучила да се премажи и тој требало да живее со очувoт. По разводот на неговите родители Златан почнал прекумерно да слабее. Поминало долго време додека Златан да заздрави, а според податоците тој почнал да се враќа во нормала, дури откако му било дозволено повторно да стапи во контакт со татко му.
Тој во биографијата споделува убави спомени за тоа како го поминувал времето со татко му. Како моментот кога татко му решил да му купи нов кревет, но немал пари за да плати превоз.
„Го носевме дома заедно. Беше фантастично тоа што го направивме. Поминував време со мајка ми, но во суштина живеев со татко ми“ – вели тој.
Но, неговиот татко Сефик Ибрахимовиќ и по разводот се борел со сопствените демони. Тој не можел да се ослободи од сеќавањата на војната во Босна и на тоа како неговото село било брутализирано во тоа време.
Како што ќе каже и самиот Златан, отсуството на неговиот татко во голема мера ќе придонесе за неговиот развој како личност, поради што тој ќе води осаменички и бурен животен стил.
Она што дополнително ќе го означи неговото рано детство е и фактот што тој немал доволно самодоверба, прво поради големината на неговиот нос, а потоа и затоа што имал говорна маана. Како, што ќе каже и самиот, во училиште одел само поради бесплатните оброци.
Поради неговите проблеми, училиштето ангажирало посебна учителка што требало да работи со него. Но, Ибра, се чувствувал мошне засрамен, па така еден ден додека играле фудбал во дворот на училиштето, тој шутирал од мошне голема далечина веднаш до нејзината глава. Во тој миг, ја научил најважната лекција: светот може да биде суров, но со фудбалска топка тој може да го покори.
„Сакав да застанам пред целиот свет и да им покажам на сите што некогаш се сомневале во мене. И не можев да замислам дека некој би се обидел да ме запре“ – вели тој во автобиографијата.
Но, тој имал долг пат да изоди до славата. Како дете со нарушена самодоверба, во периодот на детството и на тинејџерските години почнал да се дружи со децата на другите етнички отфрленици и од заедниците на имигрантите што со своите криминални дејствија често завршувале во медиумите. Во тој период Златан почнал да експериментира и со тетоважите. Дополнително, во овој период, како што признава и самиот негова специјалност биле крадењето велосипеди и чоколада од продавниците.
„Кога ни требаше нешто, одевме до продавница и крадевме … Јас бев во добри односи со велосипедите“ – вели тој.
Но, како што опишува и самиот, голема среќа е што фудбалот го спасил. Малкумина знаат дека на возраст од 17 години, кога ја започнал својата кариера како фудбалер, Златан се стекнал и со црн појас во теквондо.
„Се гордеам што успеав да останам подалеку од нив. Јас бев различен и сум жив доказ за тоа. Затоа мојата порака до оние што немаат татко, што се чувствуваат поразлични или несреќни е дека ако верувате во себеси, можете да успеете. Секогаш има можности. Сè зависи од вас!“ – вели тој.
Сепак, тоа што растел во таква населба каде немало многу простор за игра, се покажало и пресудно за неговата кариера. На малиот простор пред куќата на неговата мајка, тој почнал сам да се учи да игра на возраст од 6 години (откако му купиле копачки). Тој и неговите другари најчесто таму играле фудбал, а бидејќи немало многу простор за вистинска игра, сè се засновало на трикови, свртувања и дриблање. Тука Ибра научил како да размислува брзо и во движење.
На возраст од 15 години, Ибра не бил сè уште сигурен за сопствената кариера па така, повеќе сакал да работи на пристаништето во Малме, отколку да биде на теренот, но тоа се променило благодарение на неговиот тренер.
На возраст од 17 години Ибра ја почнува сопствената кариера како фудбалер, кога почнал да игра за Малме ФФ. Но, и тоа не поминало без проблеми: Родителите на еден од соиграчите собирале петиција за исфрлање на младиот Златан, поради тоа што тој „му удрил“ глава на еден од соиграчите.
Како и да е, и самиот Златан вели дека од сегашна перспектива би си порачал самиот себеси никогаш да не го прави тоа, но оправдување наоѓа во гневот и лутината што ги носел со себе.
Во овој клуб тој ќе ја започне кариерата што ќе биде проследена со низа занимливости и скандали.
На возраст од 21 година менаџерот на Арсенал Арсен Венгер го поканил Златан да дојде во Лондон, но наместо да добие конкретна понуда, Златан добил само понуда за пробна игра. По ова Ибра си заминал веднаш, а преку својот агент им испратил порака дека „Златан не оди на аудиции“.
Нов скандал имаше и во времето кога Златан играше за Јувентус. Во тоа време, повторно агресивниот карактер на Златан излезе на виделина кога тој го удри соиграчот Џонатан Зебина. И двајцата беа казнети по овој испад, а нивниот тренер тврдеше дека тоа било добро за тимот.
Во својата биографија Златан ќе каже: „Не можете да бидете љубезни во овој спорт“.
Кога Златан беше избран да се приклучи на шведската репрезентација, тој два дена пред натпреварот одлучи да не ги почитува правилата за карантин, па бил фатен како се забавува со уште двајца соиграчи Кристијан Вилхелмсон и Олоф Мелберг. По ова сите беа казнети со седење на клупа од еден натпревар, но арогантниот Ибра пак реши да им покаже кој е главен, па одбиваше да игра цели шест месеци.
Кога се појави фотографија на која наликува дека Ибра имал „момент“ со сограчот Жерар Пике, една новинарка отворено го праша за неговата сексуалност, на што тој дрско и скандалозно ѝ одговори:
„Дојдете кај мене со сестра ти, па ќе видиш дали сум пе*ер!“