Купил црква во која ќе живее по пензионирањето, има остров за лов - Како Златан Ибрахимовиќ ги троши парите?
Купил црква која ја реновирал и во неа планира да живее кога ќе се пензионира, има остров каде може слободно да оди на лов, поседува луксузни автомобили, авион и јахта, а на играчите од Шведска им ги има покриено трошоците за Светско првенство во Бразил – Како ги троши парите познатиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ?
Златан Ибрахимовиќ е еден од најпознатите фудбалери во светот. Познат е по тоа што отворено говорел за сопствените скромни почетоци, за минатото во кое сам кажа дека морал да краде велосипеди за да преживее, а денес ужива во луксузен живот и во слава.
Велат дека е мошне арогантен, а тој за себеси вели дека е само самоуверен.
Дури и неговата долгогодишна партнерка Хелена Сегер која е 11 години повозрасна од него, призна дека на почетокот не сакала да почне врска со него заради неговата ароганција, но парот е заедно веќе 20 години, а заедно имаат два сина.
https://www.instagram.com/p/BtBNzsCHTla/?utm_source=ig_web_copy_link
Се проценува дека до ноември годинава Златан има богатство од 190 милиони долари, што го заработил како од фудбалската кариера, така и од голем број приватни бизниси и вложувања.
На што ги троши фудбалерот своите пари?
Златан е познат по тоа што има богата колекција автомобили, а за својот 41-ви роденден годинава се почести себеси со два автомобили Ferrari, по цена од 3 милиони долари.
Освен овие автомобили, тој поседува Audi S8, Lamborghini Urus, Maserati GranTurismo и Porsche 918 Spyder. Доста далеку од детето што крадело велосипеди, нели?
Слично како Роналдо, Меси и Нејмар, и Ибрахимовиќ има свој приватен авион. Леталото има 12 седишта изработени од чиста кожа, а е идеален за летање на долги релации. Кога еден новинар го прашал дали си купил ново Ferrari, Златан одговорил:
„Апсолутно не. Си нарачав авион, многу е побрз.“