Родена е во Шпанија, ја мрази скиентолошката црква – Факти за градоначалничката на Париз
„Јас сум функционер избран од народот, а не модел“, изјави Ен Идалго, градоначалничката на Париз, за нејзиниот едноставен моден стил.
Ен Идалго е првата жена која ја добила титулата градоначалник на Париз, а ја држи оваа позиција уште од 2014 година.
Некои парижани ја сакаат, некои не, но таа сепак успеала да ја задржи титулата веќе десет години.
Неколку факти за Ен Идалго:
Ен не потекнува од Франција – родена е во Шпанија
Нејзиниот дедо во минатото избегал во Франција за време на Шпанската граѓанска војна. Но, по некое време се вратил во Шпанија.
Родителите на Ен, заедно со неа и нејзината сестра, отишле во Франција во 1960-тите. Ен продолжила да живее таму, додека сестра ѝ се вратила во Шпанија.
Денес таа има двојно државјанство – шпанско и француско.
Еднаш е разведена и има три деца
Првиот сопруг на Ен бил Филипе Жантет и не е познато кога точно се развеле.
Со него има две деца – син кој е адвокат и ќерка која е инженер.
Од 2004-та, таа е во брак со политичарот Жан-Марк Жерман со кого има едно дете.
Ја мрази скиентолошката црква
За себе, Ен вели дека е атеист, но ги поддржува религиите на другите.
Сепак, има посебна аверзија кон скиентологијата.
Всушност, во 2005 година, таа била на чело на комитет кој имал за цел надгледување култови и религиозни групи кои наликуваат на култови, вклучувајќи ја и скиентологијата.
Еднаш дури и била дел од протест пред канцелариите на црквата во Париз.
Не сака да привлекува внимание со модниот стил
Иако е градоначалничка на „престолнината на модата“, а и мајка ѝ била дизајнерка и шивачка, Ен не сака да привлекува внимание со модниот стил.
„Јас сум функционер избран од народот, а не модел“, изјави таа за магазинот Vogue.
Син ѝ е шампион во пливање
Најмладиот син на Ен има победено на неколку натпревари во пливање.
Истовремено, тој ја има препливано Сена по целата должина, односно околу 780 километри.
Се залагаше да се намали бројот на автомобили во Париз
Ен воспостави некои нови правила за автомобилите во Париз и се залага да го намали нивниот број.
До крајот на мандатот, таа сака да го намали бројот на паркинзи, а да изгради повеќе велосипедски патеки.
Со ова, Ен стекна голема популарност меѓу парижаните.
Има важен дел во организација на Олимписките игри
Париз е домаќинот на овогодишните Олимписки игри и, очекувано, Ен има голема улога во организацијата.
А, неодамна, таа и пливаше во Сена за да покаже дека реката е исчистена и безбедна за пливачите кои ќе се натпреваруваат.
По пливањето, Ен изјави дека ѝ се исполнила голема желба бидејќи отсекогаш сонувала да влезе во Сена.