„Разочаран сум“: Новак Ѓоковиќ сепак нема да игра на Australian Open и ќе биде депортиран од државата
- Детали
- недела, 16 јануари 2022
Тенисерот Новак Ѓоковиќ годинава сепак нема да игра на Australian Open, откако судот одлучи да му ја поништи визата бидејќи не е вакциниран. Тенисерот изјави дека е разочаран, но дека целосно ќе соработува со властите.
Тенисерската ѕвезда Новак Ѓоковиќ не ја доби битката и годинава нема да се натпреварува на Australian Open, откако австралиските власти не му ја признаа визата бидејќи не е вакциниран против корона вирусот.
Поради ова, 34-годишниот тенисер ќе биде депортиран од Австралија.
Според неговата изјава, тенисерот ја почитува одлуката на судот и целосно ќе соработува, и покрај тоа што е разочаран:
„Би сакал да дадам кратка изјава за исходите од денешното сослушување. Сега ќе одвојам малку време за одмор, пред да дадам други коментари освен овој.
Многу сум разочаран со одлуката на судот да ја одбие мојата апликација за разгледување на одлуката на судијата да ја поништи мојата виза, што значи не можам да останам во Австралија и да се натпреварувам на Australian Open.
Ја почитувам одлуката на судот и ќе соработувам со властите во врска со моето депортирање од државата“.
Прочитајте повеќе: Драмата со Ѓоковиќ продолжува – одбиени му се барањата за личен готвач и пристап до тениски терен, што ќе добие?
Спирова С. | Црнобело