Судот одлучи: Ѓоковиќ доби виза за престој, на потег се австралиските власти – слобода или забрана за влез?
- Детали
- понеделник, 10 јануари 2022
Судот во Австралија донесе позитивна одлука за Новак Ѓоковиќ – тенисерот доби виза за престој и ќе може да учествува на Australia Open 2022. Сепак, дел од медиумите пишуваат дека постои можност австралиските власти повторно да му ја одземат визата по други основи.
Тешка ноќ за најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ (34). Од полноќ, речиси до 7 и 30 утрово траеше судското рочиште во кое се решаваше за престојот на Ѓоковиќ во Австралија.
Со повеќе прекини и паузи, целото рочиште траеше седум часа, а тенисерот одлуката ја дочека во хотелската соба во хотелот за мигранти „Парк“ каде што престојуваше во текот на изминатите денови.
Целиот судски процес се пренесуваше во живо на YouTube, а љубителите на тенисот имаа можност да ја следат процедурата во која се одлучуваше дали Србинот ќе биде депортиран или ќе остане да се натпреварува на Australia Open 2022.
Визата на Ѓоковиќ му беше одземена поради тоа што влегол во земјата без претходно примена вакцина против ковид, но првичната одлука на властите беше поништена од Судот за време на судското рочиште.
Австралискиот суд донесе одлука Ѓоковиќ да добие виза за престој, а австралиската влада во целост ќе треба да му ги плати трошоците и во рок од 30 минути по изрекувањето на пресудата Новак требаше да биде пуштен на слобода, да му биде вратен пасошот и личните предмети.
Сепак, како што посочуваат дел од медиумите, иако големиот број обожаватели на Новак веќе ја слават победата, сепак Министерството за надворешни работи на Австралија може повторно да му ја откаже визата по други основи од законот.
Доколку Новак биде депортиран од Австралија, ќе следи тригодишна забрана за влез во земјата.
Прочитајте и Драмата со Ѓоковиќ продолжува – одбиени му се барањата за личен готвач и пристап до тениски терен, што ќе добие?
Б. С. Б. | Црнобело