„Тато ти си најдобар“ - Ѓоковиќ во солзи ги прегрнува Јелена и децата, по освоеното злато

„Ги дадов срцето, душата, телото и сѐ што имав за да освојам олимписко злато и на 37 години, конечно успеав“ – рече Ноле, по завршувањето на натпреварот со Карлос Алкараз. Емотивните мигови со неговото семејство се објавени во сите светски медиуми.

tato-ti-si-najdobar-gjokovikj-vo-solzi-gi-pregrnuva-jelena-i-decata-po-osvoenoto-zlato-01.jpg

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека поседува извонреден талент, а посветеноста, упорната работа и напорните тренинзи му го донесоа првиот златен медал на Олимпијадата.

По поразот на Вимблдон, Ноле вчера (04.08) уште еднаш се сретна со младиот Карлос Алкараз во рамки на натпреварувањата на Олимпијадата во Париз, и овојпат успеа да го освои првото олимписко злато во неговата кариера.

Ова воедно е прв златен медал за Србија во тенис на олимпијадите.

По завршувањето на натпреварот среќата беше неизмерна, а српскиот тенисер, поведен од емоциите, веднаш се качи на трибините, од каде го бодреа сопругата Јелена и децата Стефан и Тара.

„Не знам што да ви кажам, сѐ уште сум во шок. Ги дадов срцето, душата, телото, сѐ што имав за да освојам олимписко злато и на 37 години, конечно успеав“ – изјави Ноле за светските медиуми.

Голем број српски јавни личности му честитаа на Ноле, преку социјалните мрежи, а прва се огласи и неговата сопруга Јелена која објави заедничка фотка, на која Ноле е заедно со неа и со децата.

До фотката, Јелена само накратко напиша:

„Златен, а наш. Ова е златното момче од Србија“.

tato-ti-si-najdobar-gjokovikj-vo-solzi-gi-pregrnuva-jelena-i-decata-po-osvoenoto-zlato-03.jpg

Во магазинот Vogue, се објавени повеќе емотивни моменти од натпреварот, каде што може да се види транспарентот што малата Тара го држи во рацете, а на кој пишува:

„Тато е најдобар!“

Исто така, објавена е и фотката од страстниот бакнеж меѓу Ноле и Јелена, откако тој успеа да го оствари својот долгогодишен сон.

Погледнете повеќе фотографии во продолжение:

tato-ti-si-najdobar-gjokovikj-vo-solzi-gi-pregrnuva-jelena-i-decata-po-osvoenoto-zlato-07.jpg

tato-ti-si-najdobar-gjokovikj-vo-solzi-gi-pregrnuva-jelena-i-decata-po-osvoenoto-zlato-06.jpg

tato-ti-si-najdobar-gjokovikj-vo-solzi-gi-pregrnuva-jelena-i-decata-po-osvoenoto-zlato-05.jpg

tato-ti-si-najdobar-gjokovikj-vo-solzi-gi-pregrnuva-jelena-i-decata-po-osvoenoto-zlato-04.jpg

tato-ti-si-najdobar-gjokovikj-vo-solzi-gi-pregrnuva-jelena-i-decata-po-osvoenoto-zlato-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На 16 години стана најмлад голгетер на Европско, си носи книги на првенството за да учи: Кој е Ламин... Ламин Јамал денес полни 17 години (роден е на 13 јули), а утревечер (14.07) со ш...
Силувал 12 годишно девојче, бил 1 година во затвор – Најскандалозниот учесник на Олимпијадата во Пар... Откако беше осуден за силување, доби 4-годишна затворска казна, но помина само 1...
Зошто Мајк Тајсон по 20 години се врати во рингот и колку пари заработи од мечот со Џејк Пол? „За малку ќе умрев, добив 8 трансфузии, но сепак ги издржав 8-те рунди“ – рече М...
Италијанскиот пливач, кој освои злато, спие во парк: „Подобро таму, отколку без клима и на картонски... Хит видео и фотки од олимпиецот кој освои злато, а спие на трева во парк во Пари...
Златни момци! Нашите кошаркари до 18 години се европски шампиони - 8 натпревари без пораз во Скопје Горди сме на нашите момци - кошаркарите до 18 години го освоија првото злато на ...
Надал емотивно објави дека ќе се пензионира: „Им благодарам на моите ривали, ќе ги памтам засекогаш“ „Тука сум да ви кажам дека ќе се пензионирам од професионалниот тенис. Им благод...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg