Новак Ѓоковиќ по поразот низ солзи му се обрати на синот Стефан: „Мило ми е што си тука и се смееш“
- Детали
- понеделник, 17 јули 2023
„Драго ми е што мојот син е и понатаму овде и што се смее“ – рече Новак Ѓоковиќ и низ солзи упати емотивна порака до неговото семејство кое од трибините го следеше финалниот меч на Вимблдон. Малиот Стефан, пак, со еден потег успеа да го украде вниманието по натпреварот.
Вчера (16.07) се одигра финалниот меч на турнирот Вимблдон, во кој Новак Ѓоковиќ (36) играше против Шпанецот, Карлос Алкараз, а иако многумина очекуваа Ноле од Обединетото кралство да се врати со нова титула, сепак тоа не се случи.
Синот на Новак Ѓоковиќ, Стефан, беше во фокусот на вниманието по неговиот пораз на турнирот Вимблдон.
По пет сетови, Ѓоковиќ загуби од Шпанецот Карлос Алкараз, а на церемонијата за доделување на наградите Новак се обрати пред публиката и упати емотивна порака до својот син Стефан.
Во своето обраќање Ноле во спортски дух му честиташе за победата на Алкараз.
„Тешко ми е по ваков пораз, кога бев толку блиску.
Но, ова се моменти за кои работиме, да играме на толку голема сцена. Ова е само уште еден голем меч во историските книги.
Изгубив од подобриот играч, му честитам, одиме понатаму, уште посилно“ – рече тој.
Во моментот кога го прашаа што ќе му порача на неговото семејство кое за време на целиот турнир беше присутно на трибините и го бодреше, Новак се заблагодари на сите, но имаше посебна порака за синот Стефан, а не можеше да ги задржи емоциите во моментот кога му се обрати.
„Драго ми е што мојот син и понатаму е тука, тоа што и понатаму се смее“ – му порача Новак на синот Стефан, низ солзи.
По ова, тој упати порака и до останатите членови на семејството:
„Ве сакам сите, ви благодарам на поддршката!“
Овие зборови ја погодија и неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ која го следеше натпреварот од трибините, па таа на Инстаграм Стори ги сподели фотките на кои тенисерот плаче и во текст ги пренесе зборовите на нејзиниот сопруг.
Прочитајте и По исмејувањето на Твитер за аутфитите на Јелена Ѓоковиќ, конечно пофалби за неа: „За првпат во кариерата на Новак таа изгледа пристојно“
Инаку, пред почнувањето на турнирот Јелена ги следеше балканските обичаи, па на Инстаграм Стори објави кратко видео на кое се гледа дека истура чаша вода откако го испрати Ноле на финалниот меч од нивната изнајмена куќа.
Сепак, она што најмногу привлече внимание на социјалните мрежи е моментот кога Стефан по церемонијата за доделување на наградата низ ходниците му пријде на младиот Шпанец и му честиташе на победата.
Коментарите на социјалните мрежи се дека Стефан од мали нозе покажува спортски дух и дека набрзо ќе дојде денот кога шпанскиот играч и синот на Ноле ќе се сретнат на теренот, со оглед на тоа што Стефан е само 11 години помлад од Алкараз.
The craziest thing here is that the age difference between Carlos and Stefan Djoković is smaller then between Novak and Alcaraz themselves.🤯
— Marko Milenković 🇷🇸 (@theMilenkovic) July 16, 2023
Novak was born in 1987. He's 36.
Carlos was born in 2003. He's 20.
Stefan was born in 2014. He's 9. https://t.co/hsYNcuVztT
Прочитајте и Мистериозната дама во ложата, необичниот уред на градите: Детали за Новак Ѓоковиќ што привлекуваат внимание на Вимблдон
Б. С. Б. | Црнобело