Мистериозната дама во ложата, необичниот уред на градите: Детали за Новак Ѓоковиќ што привлекуваат внимание на Вимблдон
- Детали
- среда, 12 јули 2023
Позитивната промена во изгледот на Јелена Ѓоковиќ на Вимблдон не поминува незабележано, а внимание привлече и мистериозната жена која седеше до неа на натпреварите. Станува збор за дадилката на нивните деца, која со нив има потпишано специјален договор. Новак повторно носеше чудна лепенка на градите, со уред кој ги збуни фановите...
Додека Новак Ѓоковиќ реди успеси на Вимблдон, неговата сопруга Јелена го привлекува вниманието благодарение на модните аутфити во кои се појавува, а во српските медиуми посебен интерес предизвика и една мистериозна дама, која редовно седи во близина на Јелена во ложата.
Според информациите објавени во kurir.rs тоа е дадилката која се грижи за нивните деца Стефан и Тара, а по добивањето на работната позиција таа редовно патува со семејството.
Новак и Јелена, заради големиот број професионални обврски одлучиле да ангажираат дадилка која ќе се грижи за нивните деца, а таа присуствуваше на Вимблдон заедно со Стефан кој од трибините навиваше за својот татко.
Според пишувањата во српските медиуми, Новак и Јелена неколку седмици посветиле на тоа да ја изберат совршената дадилка за нивните деца. Освен импресивната професионална биографија, кандидатката морала да има и голем број препораки од претходните работодавци.
Дадилката на Стефан и Тара говори повеќе странски јазици и поминува многу време со нив, а Нoвак и Јелена ја прифатиле како да е дел од семејството.
Со оглед на тоа што Новак е светски позната личност, освен импресивната биографија, дадилката морала да потпише и договор за тајност во кој се согласила дека нема да изнесе во јавност ниту еден интимен детаљ од животот со семејството.
„Нејзините плата, бенефиции и привилегии се неверојатни, но и нејзините обврски. Заради професијата на Новак, таа често патува со семејството, па понекогаш се грижи за децата и по 24 часа дневно“ – пишува kurir.rs.
Инаку, уште на турнирот во Франција минатиот месец камерите забележаа дека Ѓоковиќ на градите има залепен уред, а истото го видоа и на Вимблдон на паузата на мечот со Рубљев.
Претходно Ѓоковиќ го прашаа за тоа каков е тој уред и за што всушност се работи, на што тој одговори:
„Кога бев дете многу го сакав Iron Man и се трудам да го имитирам. Мојот тим користи нанотехнологија за да ми помогне да играм најдобро што можам на теренот.
Ова е големата тајна во мојата кариера, инаку немаше да бидам овде“ – рече иронично тој.
Сега на Вимблдон повторно беше забележан со истиот уред, па брзо се открило дека станува збор за „Taopatch“.
Тоа е сертифициран медицински уред кој го користат многу спортисти, а магнетот на уредот е комбинација од најнова технологија, акупунктура и светлосна терапија.
Нанокристалите во уредот ја претвораат телесната топлина во светлина која се пренесува во акупунктурните точки на телото.
Уредот помага за многу подобар сон, одличен фокус и концентрација, ублажување на болки, уништување анксиозност, ослободување од стрес и слично.
Б. С. Б. | Црнобело