По исмејувањето на Твитер за аутфитите на Јелена Ѓоковиќ, конечно пофалби за неа: „За првпат во кариерата на Новак таа изгледа пристојно“
- Детали
- вторник, 11 јули 2023
„Изгледа прекрасно, за првпат во кариерата на Новак изгледа пристојно“ – коментираат твитерџиите за аутфитот на Јелена Ѓоковиќ на Вимблдон. Овојпат сопругата на српскиот тенисер, избра фустан од српска дизајнерка, која е блиска пријателка со Јована Јоксимовиќ и не стана мета на потсмев и критики.
Минатата година Јелена Ѓоковиќ се најде на удар на критичарите заради нејзиниот избор на облека за време на турнирот во Вимблдон, а годинава, сопругата на Новак, по сѐ изгледа ја научила лекцијата.
Јелена на трибините го бодреше својот сопруг, а иако некои медиуми пишуваат дека фустанот повторно е во Барби стил и наликува на она што Марго Роби го носи на премиерата на нејзиниот најнов филм, сепак, за разлика од минатата година, Јелена овојпат зрачи со елеганција.
За разлика од минатата година, кога косата ѝ беше чудна, оваа година Јелена се појави со испеглана и права коса, а на себе носеше елегантна шапка и очила.
Посебен впечаток остави во розовиот фустан од српската дизајнерка Марија Тарлаќ, која важи за една од најблиските пријателки на српската водителка Јована Јоксимовиќ.
Разголеното деколте со израз во форма на срце, изгледаше мошне елегантно, а Јелена аутфитот го надополни со обетки и елегантни златни синџирчиња со приврзок, додека на рацете носеше часовник и повеќе алки.
На една од фотографиите може да се види дека Јелена на турнирот со себе носела и бела чанта на Dior која се продава по цена од 6.500 долари.
Сѐ на сѐ, иако и годинава не се откажа од Барби фустаните, сепак многумина се сложни дека ова е првпат таа да го погоди стајлингот и да изгледа пристојно на трибините.
„Јелена Ѓоковиќ годинава на Вимблдон за првпат изгледа пристојно, во целата 20-годишна кариера на Новак“.
„Јелена изгледа прекрасно“
Инаку, за потсетување, минатата година Јелена беше на мета на критики кога на Вимблдон се појави со чудна фризура и фустан со волуменозни ракави, а на Твитер станаа хит меме, како Барби и Кен.
Б. С. Б. | Црнобело