Новак и Јелена Ѓоковиќ како Барби и Кен – Твитерџиите поделени за изгледот на сопругата на најдобриот светски тенисер (фото)

„Има милијарди на сметката, а се облекла како клошар“, „Излегува пред милиони луѓе, а не била на фризер“, „Како да оди на плажа, а не на Вимблдон“ – ова се само дел од негативните коментари упатени на сметка на Јелена Ѓоковиќ која го бодреше својот сопруг на трибините на Вимблдон.

novak-i-jelena-gjokovikj-kako-barbi-i-ken-tviterdjiite-podeleni-za-izgledot-na-soprugata-na-najdobriot-svetski-teniser-foto-01.jpg

Новак Ѓоковиќ по седми пат победи на Вимблдон на денот од неговата годишнина од брак, а деновиве на социјалните мрежи топ тема е изгледот на неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ која го бодреше од трибините.

novak-i-jelena-gjokovikj-kako-barbi-i-ken-tviterdjiite-podeleni-za-izgledot-na-soprugata-na-najdobriot-svetski-teniser-foto-02.jpg

Розовиот фустан со пуфнасти ракави, големата шапка и природниот изглед на косата на многумина им беа симпатични, а за други, Јелена не се потрудила доволно за да изгледа соодветно на настанот што го следат милиони луѓе.

novak-i-jelena-gjokovikj-kako-barbi-i-ken-tviterdjiite-podeleni-za-izgledot-na-soprugata-na-najdobriot-svetski-teniser-foto-03.jpg

Твитерџиите имаат поделени коментари за розовиот фустан што Јелена го носеше на себеси, а многумина ѝ замеруваат и на фризурата.

novak-i-jelena-gjokovikj-kako-barbi-i-ken-tviterdjiite-podeleni-za-izgledot-na-soprugata-na-najdobriot-svetski-teniser-foto-04.jpg

Јелена на трибините носеше фустан од Cecilie Bahnsen кој чини околу 950 евра, но за многумина на Твитер сопругата на познатиот тенисер направила модно промашување.

Дополнително, масовно кружи фотомонтажа во која Јелена и Новак се прикажани како Барби и Кен.

„Наликува како да оди на плажа, или како да е на плажа, а не на Вимблдон“.

„Не знам зошто со фустанот истакнува дека градите ѝ се со број нула? И зошто како јавна личност што треба да има култура, излегува пред милиони луѓе, а не била на фризер. Тој стил на фризура не оди ниту со Chanel чанта од неколку илјади евра“.

„Жената има милијарди долари на сметката, а изгледа како клошар, стварно глупо“.

Ова се само дел од негативните коментари на Твитер, што заедно со фотомонтажата на која Јелена и Ноле се претставени како Барби и Кен го окупираа Твитер.

Сепак има и такви што ја бранат сопругата на познатиот тенисер и сметаат дека таа е природна убавица, а дека е нејзино право да одлучи колку пари ќе потроши на сопствениот изглед.

Што мислите вие? 

Погледнете повеќе фотографии во продолжение:

novak-i-jelena-gjokovikj-kako-barbi-i-ken-tviterdjiite-podeleni-za-izgledot-na-soprugata-na-najdobriot-svetski-teniser-foto-02.jpg

novak-i-jelena-gjokovikj-kako-barbi-i-ken-tviterdjiite-podeleni-za-izgledot-na-soprugata-na-najdobriot-svetski-teniser-foto-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша по разводот: „Имам милион проблеми, но стилот не е на тој список“ „Село гори, баба се чешла, јас имам милион проблеми, но стилот не е на тој списо...
Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Јелена ќе ја добие вилата со гардеробер од 250m2, а Душко становите – Детали за разводот на Карлеуша... Во луксузната вила сега живеат само куќните помошнички и кучињата на Јелена Карл...
По 25 години љубов, се разведува најубавиот српски политичар Чедо Јовановиќ: „Звучи лудо, но и понат... „Имавме 25 години безусловна љубов, нешто што некои луѓе само го сонуваат, а јас...
Ја посетувал кога Душко не бил дома, 11 години е помлад од неа – Сите детали за аферата што ѝ го уни... Јелена и Огњен две години имале афера која била „јавна тајна“, за која знаеле си...
Се запознале кога имала 14 години, обвинувања дека ја тепал: Љубовната приказна на Чедо и Јелена Јов... Иако навидум изгледаше дека нивната љубов е совршена, особено по раѓањето на 4-т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg