Договара повисока плата, вербално се пресметува заради него – Која е Фајза Ламари, мајката на Мбапе?
- Детали
- недела, 02 јули 2023
Се кара со мајките на соиграчите на трибините, ги уценува клубовите за повисоки суми и договара трансфери, а на секој натпревар го бодри зад трибините – Која е Фајза Ламари, мајката на Килијан Мбапе која е клучна за успехот на младиот фудбалер?
Зад успехот на секој познат маж најчесто стои храбра жена, а зад успехот на Килијан Мбапе се верува дека стои неговата мајка Фајза Ламари.
Таа го привлече вниманието во јавноста откако одлучи да основа своја агенција и да ги понуди своите менаџерски услуги на некои од колегите на нејзиниот син, па заради тоа се соочи со критики од агентите на фудбалерите.
Фајза деновиве води жестока дебата со фудбалскиот клуб Paris Saint-Germain за тоа дали Мбапе ќе го продолжи договорот, а се верува дека младиот фудбалер ги следи советите на неговата мајка, која е мошне посветена на неговата кариера, па ја формирала Агенцијата KEWFJ за да му обезбеди најпрофесионален потребен менаџмент.
Фајза честопати е фотографирана додека навива за нејзиниот син на трибините, а во изјавите не крие колку е горда на неговите успеси.
По Светското првенство, Килијан Мбапе доби „златна копачка“ и стана еден од најомилените француски и светски фудбалери, а Фејза изјави:
„Како поранешен спортист многу сум горда за неговите успеси, но најгорда сум на тоа каков човек стана. Не сме готови.
Тој сѐ уште треба да расте како личност, но денес сум горда на него“ – рече таа.
Која е жената што стои зад успесите на Мбапе?
Фејза е од француско - алжирско потекло, а Килијан го добила од врската со Вилфред Мбапе, кој е со потекло од Камерун, но долги години живее во Париз.
Освен Килијан, тие имаат уште еден син Итан, и уште еден посвоен син Жирес Кембо Екоко.