Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Договара повисока плата, вербално се пресметува заради него – Која е Фајза Ламари, мајката на Мбапе?

Таткото на Мбапе, Вилфред бил фудбалски тренер, а тој и Фајза се запознале во париското предградие Бонди, каде што живееле.

dogovara-povisoka-plata-verbalno-se-presmetuva-zaradi-nego-koja-e-fajza-lamari-koja-stoi-zad-uspehot-na-mbape-12.jpg

Мајката на Мбапе во младоста тренирала ракомет и играла за алжирската ракометна репрезентација, а играла за повеќе француски ракометни клубови.

dogovara-povisoka-plata-verbalno-se-presmetuva-zaradi-nego-koja-e-fajza-lamari-koja-stoi-zad-uspehot-na-mbape-04.jpg

Во последните години Фајза е мошне актуелна затоа што таа го има главниот збор кога станува збор за фудбалските кариери на Килијан, но и на нејзиниот помал Син Итан (16), кој исто така игра во Paris Saint-Germain.

Таа е првата личност што дава изјави за медиумите поврзани со кариерата на нејзиниот тим, преговара со тимовите, договара трансфери и хонорари.

dogovara-povisoka-plata-verbalno-se-presmetuva-zaradi-nego-koja-e-fajza-lamari-koja-stoi-zad-uspehot-na-mbape-06.jpg

Во 2020-та година кога Франција загуби од Швајцарија на Европското првенство дел од француските медиуми пренесоа дека Фајза влегла во вербална пресметка со Вероник Рабио (мајката на фудбалерот Адриен Рабио), која не била задоволна како Мбапе и Погба одиграле на теренот.

dogovara-povisoka-plata-verbalno-se-presmetuva-zaradi-nego-koja-e-fajza-lamari-koja-stoi-zad-uspehot-na-mbape-08.jpg

Минатата година Мбапе беше преплавен со скандали. Братот на Пол Погба, Матиас го обвини на Твитер дека користел познат шаман за да му фрли магија и го уценуваше да му плати 13 милиони евра.

Фајза по ова излезе во јавност и рече дека ќе поднесе обвинение против сите медиуми што го пренеле твитот на братот на Погба.

dogovara-povisoka-plata-verbalno-se-presmetuva-zaradi-nego-koja-e-fajza-lamari-koja-stoi-zad-uspehot-na-mbape-13.jpg

По ова во голем број од светските медиуми беа објавени фотографиите од Килијан како во рацете ја држи Инес Рау, трансродов модел за која се шпекулираше дека има врска со фудбалерот, но за ова Фајза молчеше и не даде изјави.

Прочитајте и По врската со трансродова личност, го поврзуваат со поранешната девојка на колега – Бурниот љубовен живот на Килијан Мбапе

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Беше оженет за Плејбој модел и доби син, сега е во врска со друг маж – Бурниот љубовен живот на Ралф... „Останав три вечери со него, но тој не ме допре ниту со прст, не се ни бакнавме“...
Синчето на Ева Лонгорија излезе на терен со Меси - мама гордо позира со Бекам кој ѝ го овозможи тоа Малиот Сантијаго среќно мавта додека излегува заедно со Меси на теренот, облечен...
Како ќе изгледа Мбапе до крајот на Европско? – Фудбалерот се шегува на своја сметка, откако се повре... „Имате идеја за маски?“ – се пошегува Килијан Мбапе откако имаше повреда на носо...
Скандалозниот живот на Михаел Балак: Не ја преболе смртта на синот, а сега е во љубов со неговата де... Јавноста беше згрозена кога дозна дека славниот фудбалер почнал љубовна врска со...
Хари Кејн има најромантична приказна меѓу фудбалерите: Со сопругата учел во основно, Бекам е „винове... Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн, ја има една од нају...
Емотивна сцена на мечот на Рафел Надал: Синчето внимателно гледа, сопругата плаче за загубата Сопругата на Рафаел Надал, Марија Циска Перељо, со солзи во очите ја проследи за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg