Балканот е згрозен од веста за Мика Алексиќ, професор по глума кој ја злоупотребил својата позиција и силувал повеќе девојчиња, меѓу кои прва проговори актерката Милена Радуловиќ. Но, за жал, сѐ уште постојат исклучоци, поединци кои ја напаѓаат жртвата, а не силувачот. Тијана Дапчевиќ упати моќна порака до нив „Срам да ви е за секој коментар на оваа тема кој не е поддршка, туку замолчување на жртвата. Молчењето не е злато. Никогаш не ни било. Сите тишини еден ден стануваат вресок.“