Момчето на Тифани Трамп ја запроси со прстен од 1 милион долари – на последниот ден на Доналд во Белата куќа (фото)
- Детали
- среда, 20 јануари 2021
Најмладата ќерка на Доналд Трамп, Тифани, се вери со нејзиното момче и го покажа дијамантскиот прстен, на последниот целосно работен ден во Белата куќа на нејзиниот татко Доналд.
Милијардерот Мајкл Булос, ја запроси 27-годишната Тифани Трамп, со 13-каратен дијамантски прстен кој се проценува дека има вредност од 1 милион долари.
Веста за свршувачката ја објави Тифани на 19-ти јануари, последниот официјален ден на нејзиниот татко Доналд во Белата куќа, откако Бајден беше изгласан за нов претседател на САД.
„Ми беше чест што имавме можност да прославиме многу важни моменти, историски настани и да создадеме моменти со моето семејство тука во Белата куќа, а ниту еден не беше повеќе посебен од мојата веридба со мојот прекрасен вереник Мајкл. Се чувствувам благословено и возбудено за следното поглавје.“ – напиша таа на Инстаграм објава.
Подоцна, во ексклузивни фотки направени од DailyMail, Тифани го покажа дијамантскиот прстен, кој е дизајниран од изработувач на накит од Њујорк и дилер на дијаманти Самер Халиме, кој работи само за ексклузивни личности.
Оттаму не ја откриваат цената на прстенот, но независен експерт ја проценува на повеќе од 1 милион долари.
Нејзиниот вереник, Мајкл, 23-годишен наследник на мулти-милијардерски конгломерат во Нигерија, одлетал во Дубаи заедно со Халиме за да одбере прстен.
Тазе-верениот пар позираше заедно со Халиме, а 27-годишната Тифани се пофали гордо со вереничкиот прстен.
фото: Инстаграм
М. М. | Црнобело