Зошто Анџелина Џоли постојано ги носи децата со себе кога пазари во супермаркет?
- Детали
- четврток, 21 јануари 2021
Анџелина Џоли прави една одлична работа во воспитувањето на децата. Која е нејзината цел?
Во медиумите речиси секојдневно осамнуваат фотографии како Анџелина Џоли оди на пазарење во супермаркети со децата.
Овојпат таа беше фотографирана со ќерката Захара. Двете во природно кежуал издание изгледа како да уживаат во пазарењето. Дури во еден миг се држеа и за рака.
Но, зошто постојано Џоли ги носи децата на пазарење со себе кога тоа може да го стори сама или пак оваа обврска да ја изврши член од нејзиниот персонал?
Самата актерка откри дека главната причина за тоа е што сака да ја задржи нормалноста во нивниот живот.
„Таа се труди да ги направи нивните животи колку што е можно понормални. Одењето на шопинг е нешто во кое таа и децата уживаат и Џоли смета дека тие треба да имаат искуства во секојдневието, како и другите деца на нивни години. Не сака тие да пораснат заштитени во меур“, открива извор близок на актерката.
На пазарење особено сака да оди со постарите ќерки Захара и Шајло, бидејќи тие веќе се тинејџерки.
„Ако зависеше од Анџелина семејството немаше да живее во Лос Анџелес и тие ќе имаа поголема приватност во секојдневието. Но, не е до неа и таа прави сѐ што може“, додава изворот.
Инаку и таткото на децата, Бред Пит, живее во Лос Анџелес, но многу поретко осамнуваат фотографии со него по разводот од 2016 година.
Фотки од неодамнешното пазарење на Џоли и Захара:
С. С. | Црнобело / Фото: laineygossip