Еден од најголемите латиноамерикански заводници – Што прави и како изгледа шармантниот Кристијан Мејер денес?!

Латиноамериканските серии несомнено се едно од главните обележја на нашата некогашна телевизиска програма.

eden-od-najgolemite-latinoamerikanski-zavodnici-shto-pravi-i-kako-izgleda-sharmantniot-kristijan-mejer-denes-01.jpg

Еден од најпознатите, а воедно и најатрактивните латиноамерикански актери кој непрекинато мамеше воздишки кај женската популација е Кристијан Мејер.

Покрај извајаното тело и беспрекорно-шармантната насмевка, овој актер може да се пофали со навистина обилна филмографија и кариера која постојано движи во нагорна линија.

За нас познат од латиноамериканските серии: La Tormenta, Luz María, Zorro, la espada y la rosa, Doña Bárbara и други.

Eden-od-najgolemite-latinoamerikanski-zavodnici-shto-pravi-i-kako-izgleda-sharmantniot-Kristijan-Mejer-denes 02 630x360.jpg

Верувале или не, Кристијан Мејер денес има 50 години. Тој е роден во Перу, на 23 јуни, 1970 година и покрај актерската, зад себе има и пејачка кариера.

Всушност, во последната деценија тој го намалил интензитетот на неговата филмска работа и особено се посветил на снимањето на неговите песни.

Имено, пред сосема да навлезе во светот на славните, Мејер бил член на популарната група Arena Hash.

Во 1995 година се оженил со познатата актерка Марисол Агире, со која има три деца. Во 2008 година двајцата актери се развеле.

По речиси дваесет и пет години актерско дејствување, во 2017 година Кристијан го продуцира и режира мулти-наградениот филм Terminal.

Во продолжение ви издвојуваме повеќе Инстаграм фотки кои ни прикажуваат како денес изгледа оваа латиноамериканска ѕвезда:

;

;

;

;

;

;

;

;

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Славни личности кои трагично го изгубија животот пред 30-тиот роденден Курт Кобејн имаше само 27 години кога си го одзеде животот поради проблемите со ...
Како изгледа денес актерот кој го глумеше Алан Харпер во „Два и пол мажи“? Ќелав, со брада, дотеран во елегантни одела - како изгледа денес актерот кој го ...
Проколнати европски принцези: Љубовни афери, сообраќајки, болести Кралските семејства секогаш биле фасцинантни за јавноста - нивниот животен стил,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg