Хајди Клум и уште 7 славни мајки кои имаат 4 и повеќе деца
- Детали
- вторник, 19 јануари 2021
Секоја жена знае колку е тешко да се направи рамнотежа помеѓу кариерата и семејството.
НО, знаеме и дека славните мајки можат да си дозволат поголема помош, па не е ни чудно што некои од нив се одлучуваат да имаат не едно или две, туку четири и повеќе деца. Сепак, голем дел од нив, наоѓаат време целосно да им се посветат и на децата, покрај кариерата.
Погледнете кои славни мајки спаѓаат во оваа категорија:
Анџелина Џоли е светски позната актерка, активист за човечки права, но и мајка на шест деца. Таа има три биолошки деца со Бред Пит, и три посвоени.
Тори Спелинг има 5 биолошки деца со сопругот Дин Мекдермот. Истовремено, таа е и маќеа на постариот син на Дин од неговиот претходен брак.
Наталија Водјанова не е само модел – таа е и филантроп, но и мајка на пет деца. Наталија и поранешниот сопруг Џастин Портман добија три деца пред да се разделат. Потоа Наталија доби уште две деца со сегашниот партнер.
Сигурно претпоставувате дека на листата ќе се најде и Крис Џенер. Со Брус, сега Кејтлин, таа ги доби Кајли и Кендал, а од бракот со Роберт Кардашијан ги доби Кортни, Ким, Клои и Роб.
И Мадона е горда мајка, и тоа на шест деца. Најстарата ќерка, Лурдес, ја доби со Карлос Леон, а со поранешниот сопруг Гај Ричи го роди синот Роко. Мадона има и посвоено четири деца.
Миа Фароу навистина е мајка за восхит. Додека беше во брак со Андре Превин, таа роди три деца, а и посвои уште три. Потоа, со Вуди Ален роди уште едно дете и посвои уште две. По разделбата со режисерот таа посвои уште деца, па сега Миа е мајка на дури 14 деца.
Викторија Бекам и сопругот Дејвид имаат четири биолошки деца – Бруклин, Ромео, Харпер и Круз.
И Хајди Клум е модел кој може да се пофали со големо семејство. Како Викторија, и таа е мајка на четири деца.
Спирова С. | Црнобело