Тие се најжешкиот пар во НБА чија љубов процвета во карантинот – Вини Харлоу и Кајл Кузма (фото)
- Детали
- недела, 17 јануари 2021
Тие се млади, успешни и очигледно многу вљубени еден во друг. 26-годишната Вини Харлоу е канадски модел која својата „слабост“ ја претвори во најсилниот физички адут на привлечност – нејзиното витилиго.
Иако во младоста била мета на многубројни навреди и критики, денес е еден од најавтентичните и најбараните модели во светски рамки. Депигментацијата на делови од кожата не ја спречи Харлоу да создаде бренд на препознатливост и да ги помести стандардите за убавина.
25-годишниот Кајл Кузма веќе има НБА шампионски прстен. Иако во 2017 година беше одбран на драфтот во тимот на Бруклин Нетс, пристигна во Лејкерси каде што досега бележи над 200 одиграни натпревари и одличен просек. Тој нема да го менува својот тим и во наредните три сезони, а неговиот нов договор „тежи“ неверојатни 40 милиони евра.
Парот наводно се запознал на забава за време на Fashion Week во септември, 2019 година. Но, двајцата почнале да се гледаат неколку месеци подоцна, а според изворите, врската помеѓу Вини и Кајл процветала за време на карантинот.
Започнала некаде пролетта во 2020 година, а после многубројните разговори на FaceTime парот конечно се зближил, а Вини му се придружи на Кајл во „меурот“ (The Bubble) во Орландо за време на плеј-оф сезоната во НБА, каде што играчите беа изолирани со цел да ја завршат сезоната.
Тие се најжешкиот и највљубениот пар во НБА и изгледаат апсолутно неодоливо. Кога има љубов има и начин, дури и за време на пандемија, нели?
(О)Милена | Црнобело