Се откажа од кариерата за да се грижи за синот: Каде е денес актерот што го глумеше Супермен?
- Детали
- недела, 03 декември 2023
Жртвата која популарниот Супермен ја направи за својот син ретко кој би ја направил. И покрај критиките, никогаш не се покајал за одлуката да се откаже од кариерата за да биде добар татко. Каде е и што прави денес Дин Кејн, актерот кој го глумеше Супермен во популарната серија Lois & Clark?
57-годишниот актер Дин Кејн голема популарност стекна со улогата на Супермен во ТВ серијата Lois & Clark: The New Adventures of Superman од 1993 година.
Неговата приказна на самохран татко кој се откажал од кариерата за да се грижи за својот син е доказ дека суперхероите навистина постојат.
Доколку сте се прашувале каде е денес и што прави, во продолжение неколку факти за него:
Дин е роден во Мичиген, а денес живее во Лос Анџелес.
Иако пред неколку месеци изјави дека засекогаш се повлекува од Холивуд, ТВ-ѕвездата на 90-тите неодамна сепак се појави на 91-то издание на Холивудската божиќна парада.
Изминативе години привлече големо внимание поради својата политичка определба: во 2016 и 2020 година го поддржа и гласаше за Доналд Трамп иако себеси се нарекува левичар.
Имал тешко детство.
Актерот никогаш не го запознал својот татко, бидејќи ја напуштил неговата мајка, а тој нарушен семеен однос го обликувал него како личност.
Водел тешка борба за старателство над син му.
Во јуни 2000 година, тој и неговата партнерка Саманта Торес го добија синот Кристофер.
После долга и тешка борба за старателство, во 2011 година судот конечно донесе одлука старателството над детето да му припадне нему.
Синот го растел сам со многу одрекувања и труд.
На Кристофер му пружил безусловна љубов, каква тој немал додека растел.
„Го готвам секој оброк за своето дете. Ако јас не го зготвам јадењето тој нема ни да јаде", има изјавено актерот.
Бил присутен на секој тренинг по боречки вештини на Кристофер, бил и фудбалски, кошаркарски и бејзбол тренер.
Неговата одлука кариерата да ја стави во втор план му донесе многу критики, но тој многупати за медиумите истакнуваше дека не зажалил во ниту еден момент.
Денес има одличен однос со синот.
Неговиот начин на однесување кон детето придонело тие двајца да имаат нераскинлива врска.
„Мислам дека е тој поприлично горд на својот татко, но да бидам искрен, јас сум многу горд на него. Тој е моето омилено суштество на планетава", има изјавено актерот.
Што се однесува до неговата кариера, Кејн се појави во некои филмови, а има напишано и сценарија за неколку серии.
Се појави во серијата Beverly Hills, а најсвежи му се улогите во сериите The Platform и Supergirl.
С. Ш. | Црнобело