Ретки фотки од најстариот син на Пирс Броснан – Беше во кома бидејќи се предозира, актерот се откажа од него
- Детали
- вторник, 25 јуни 2024
Кристофер, најстариот син на Пирс Броснан целиот живот има проблеми со зависност од кокаин и хероин, уапсен е многупати, а еднаш беше и во кома откако се предозирал. Актерот „кренал раце“ од него и вели дека сега му останува само да се моли дека самиот ќе си помогне.
Пирс Броснан, кој се прослави со улогата на Џејмс Бонд, има пет деца.
Со сегашната сопруга, тој ги доби синовите Дилан и Парис.
А, со правата сопруга, која почина од рак на јајниците, има три деца – Шарлот, Кристофер и Шон.
Актерот со првата сопруга
Интересно е што две од децата – Шарлот и Кристофер – првата сопруга ги доби со друг партнер, но актерот ги посвои откако нивниот биолошки татко почина.
За жал, и Шарлот имаше рак и исто како мајка ѝ, ѝ подлегна на болеста.
Актерот со Кристофер и Шарлот
Денес актерот е во добри односи со три од четирите живи деца, додека со најстариот син, Кристофер, воопшто нема контакт.
Вистинска реткост е да се појават фотки од 51-годишниот Кристофер, но минатата недела беше забележан во Лондон.
И покрај топлото време, Кристофер носеше блузон со долги ракави, како и елек и капа, а изгледа по малку запуштено.
Како што веќе спомнавме, Пирс Броснан ги посвои Кристофер и сестра му Шарлот во 1986 година, по смртта на нивниот биолошки татко.
По смртта на првата сопруга и ќерката Шарлот, актерот откри дека „кренал раце“ од Кристофер и престанал да му дава пари бидејќи тој не сакал да се откаже од користењето дрога.
Оттогаш, животот на Кристофер како да се движи само во надолна линија – имаше проблеми со зависност од хероин и кокаин, а еднаш беше и во кома од предозирање.
Во 1997 година, Кристофер, кој работи како филмски режисер, доби парична казна од околу 1.000 евра поради возење во алкохолизирана состојба.
Подоцна истата година, заработи и 3-месечна казна затвор, повторно за возење под дејство на алкохол.
Во 2005-та, пак, режисерот предизвикал тепачка во ноќен клуб во Лондон, по што добил забрана да влезе во локалот.
Еднаш беше уапсен и за кражба во друг ноќен клуб, но наводно ова обвинение против него било повлечено.
Пирс Броснан, пак, прозборе за односот со син му дури во 2005 година, кога откри и дека престанал да му помага.
„Кристофер до денес е многу изгубен. Знам каде е, но има многу тежок живот. Единствено ми останува да верувам дека ќе се подобри.
Ги провоцира сите членови од семејството, но најмногу си штети самиот. Знае како да се извлече од целата ситуација, но не сака.
За мене ова е болно… Не можете целосно да отстраните некој од вашиот живот, но јас веќе не му помагам.
Морав да му речам ’Оди живеј, или оди самиот убиј сè. Но, се молам за него“, изјави актерот во интервју за Playboy.
Во 2022 година, за Денот на таткото, Пирс Броснан го спомна и Кристофер во Инстаграм објава, но сподели фотка на која позира само со тројцата други синови.
Актерот ретко зборувал за најстариот син и не е познато во каков однос се сега.
Но, од објавата во 2022-ра, актерот го нема спомнато син му во ниту една пригода, па најверојатно не се во добри односи.
Спирова С. | Црнобело