„Имам 62 години, а кога шетам со синот мислат дека ми е сопруг или брат“ - Лесли Карлтон, модел во топ форма
- Детали
- понеделник, 25 јануари 2021
„Имам 62 години, а кога ќе ме видат како се шетам со некој од синовите, сите мислат дека ми е сопруг или брат“ – вели манекенката Лесли Карлтон. Таа живее на релација Бали - Лос Анџелес. Нејзиното лице беше дел од многу насловни страници, има снимено многу реклами и се има појавено во парчиња на бројни модни брендови.
Таа и денес на свои 62 години работи како модел за костими за капење. Вели дека е во подобра форма отколку кога имала 40 години.
„Никој не верува дека имам повеќе од 40 години. Имам двајца синови на 44 и 42 годишна возраст, а сум баба на две 10-годишни внуки“ – вели Лесли, која е верена со актерот Матијас Хју (62), и додава дека се придржува до правила во животот кој ѝ помогнале да остане во форма.
„Кога бев млада, не спортував, единствено внимавав што јадам. Отсекогаш ги слушав советите на мојата баба која беше танчерка, и која јадеше мали оброци на секои два до три часа. Секогаш внимавав јаглехидратите и протеините да ми бидат дел од еден оброк, а зеленчукот да биде во дупло поголема количина.
Кога наполнив 30 години почнав да скијам и да вежбам карате. Дури пред 10 години започнав да кревам тегови и тоа ми помогна да изгледам денес вака. Свесна сум дека не изгледам како во 20-тите, но фигурата и тонусот на мускулите ми е многу подобра.“
Таа открива кои правила ѝ помагаат во одржување на линијата:
„Секој ден се мерам. Кога гледам секој ден колку килограми имам, лесно одредувам дали претерувам со јадење или не. Јадам на секои два до три часа, а еднаш неделно имам ден кога јадам сè што ќе посакам.
Спијам 8 часа секоја вечер, секој ден вежбам, секој ден одвојувам време за да бидам сама во природа. И на крај, секогаш гледам позитивно на работите“ – истакнува Лесли.
Е. П. | Црнобело / фото: Инстаграм