Кои се скриените таленти на децата на Анџелина Џоли и Бред Пит?
- Детали
- недела, 17 јануари 2021
Анџелина Џоли постојано докажува дека е целосно либерална кога станува збор за одгледувањето на нејзините 6 деца.
Таа го поддржува секој нивен избор, но сепак има вредности кои сака да им ги пренесе за да им даде до значење колку се тие важни, како на пример – образованието.
Во неодамнешно интервју за BBC Radio 4, убавата актерка откри дека сите нејзини шест деца се посветени на изучување различни странски јазици, секое според своите желби и склоности. Очигледно е дека децата на Џоли се полиглоти, а таа безрезервно ги поддржува и им помага онолку колку што може.
Шајло го изучува камбоџанскиот Хмаи, додека Пакс е фокусиран на виетнамскиот јазик. Медокс пак е „опседнат“ со германски и руски учебници, Захара зборува француски. Вивиен има огромна желба да го научи арапскиот јазик, додека Нокс го подобрува знаењето од знаковниот јазик.
Џоли признава дека не ги охрабрува своите деца да ги следат нејзините стапки и да создадат актерска кариера.
Сепак, и покрај тоа, секој е слободен да ги следи своите избори и доколку одлучи, ја има можноста да се појави во некој од нејзините филмови, каков што беше случајот со Вивиен која имаше само 5 години кога се појави во филмот Maleficent.
(О)Милена | Црнобело