Џастин Тимберлејк вторпат стана татко – Џесика Бил се породила во тајност пред половина година

Во шоуто на Елен Деџенерис, Џастин Тимберлејк откри дека сопругата Џесика Бил се породила во тајност и веќе го добиле нивното второ дете, и тоа пред речиси шест месеци.

dzhastin-timberlejk-vtorpat-stana-tatko-dzhesika-bil-se-porodila-vo-tajnost-pred-polovina-godina.jpg

Во јули се појавија гласини дека Џастин Тимберлејк и Џесика Бил станале родители по вторпат, но парот дури сега ги потврди новостите. Џастин и Џесика веќе го имаат 5-годишното синче Силас, а во шоуто на Елен Деџенерис пејачот потврди дека го прошириле семејството со уште едно машко дете.

„Неговото име е Финеас и многу е неверојатен и сладок, и никој дома не спие. Но, возбудени сме, не можеме да бидеме посреќни и поблагодарни“, изјави пејачот.

dzhastin-timberlejk-vtorpat-stana-tatko-dzhesika-bil-se-porodila-vo-tajnost-pred-polovina-godina-02.jpg

На прашањето од Елен како се справуваат со две деца, пејачот на шега изјави:

„Повеќе не се гледаме еден со друг. Но, многу е забавно. Силас е многу возбуден“.

dzhastin-timberlejk-vtorpat-stana-tatko-dzhesika-bil-se-porodila-vo-tajnost-pred-polovina-godina-03.jpg

Навистина е интересно што актерката успеала да ја скрие целата бременост. Таа и Џастин се немаат појавено во јавност уште од март минатата година, а на сите фотки што ги објавуваа на социјалните мрежи, Џесика се гледа само од половината нагоре. Единствено на фотографиите од нејзиниот роденден има фотка каде што Џесика се гледа цела, а тој период веројатно била во четвртиот месец од бременоста.

dzhastin-timberlejk-vtorpat-stana-tatko-dzhesika-bil-se-porodila-vo-tajnost-pred-polovina-godina-06.jpg

Изминативе неколку месеци тие речиси и да не објавуваа фотки и видеа од нив, туку се фокусираа на активизмот, особено на движењето Black Lives Matter. А, бидејќи целата година беа одложени сите големи филмски и музички настани, на актерката ѝ било навистина лесно да ја скрие бременоста.

dzhastin-timberlejk-vtorpat-stana-tatko-dzhesika-bil-se-porodila-vo-tajnost-pred-polovina-godina-04.jpg

Џесика се породила само осум месеци после инцидентот со Џастин и неговата колешка Алиша Вејнрајт, па фановите се убедени дека таа била бремена во овој период. Иако Џесика не се огласи во врска со настанот, уште тогаш стана јасно дека му простила на пејачот, најмногу поради Инстаграм објавите на кои ја изјавува нејзината љубов кон него. Пејачот, пак, јавно ѝ се извини и кажа дека многу се каел за тоа што го направил.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Најзгодниот пар доби дете: Дејвид Гета сподели фотка со синчето и 24 години помладата девојка Кон крајот на минатата година, среде шпекулациите дека се разделиле, Дејвид Гета...
Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Џастин Бибер објави фотки на кои плаче - Проблеми во бракот со Хејли или влошено ментално здравје? Откако објави фотографии на коишто плаче, фановите почнаа да споделуваат свои те...
Линдзи Лохан – 10: Славни личности со најмногу апсења Винона Рајдер била уапсена петпати во една година, додека таткото на Чарли Шин б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg