Џастин Тимберлејк со порака на Инстаграм призна и се покаја за скандалот со колешката

Минатиот месец, Џастин беше забележан како се држи за рака со неговата колешка. Откако фотографиите од инцидентот стигнаа до јавноста, почнаа секакви шпекулации дека нешто се случува помеѓу нив.

ispiv-premnogu-i-zhalam-za-moeto-odnesuvanje-justin-timberlejk-se-oglasi-za-incidentot-so-alisha-vejmrajt-01.jpg

Наскоро после настанот, извор сподели дека Џастин и сопругата Џесика Бил не се разделуваат и дека не се случило ништо, туку само дека актерот испил некоја чашка повеќе.

ispiv-premnogu-i-zhalam-za-moeto-odnesuvanje-justin-timberlejk-se-oglasi-za-incidentot-so-alisha-vejmrajt-02.jpg

Сега, и Џастин Тимберлејк се огласи за инцидентот.

Во средата, 38-годишниот пејач со објава на Instagram го сподели неговото извинување:

„Се држам понастрана од озборувања што е можно повеќе, но за моето семејство, сметам дека е важно да зборувам за неодамнешните гласини што ги повредуваат луѓето кои ги сакам.

Пред неколку недели направив грешка, но ништо не се случи помеѓу мене и мојата колешка. Испив премногу таа вечер и жалам за моето однесување. Требаше да знам за подобро. Ова не е примерот што сакам да му го поставам на мојот син. Им се извинувам на мојата прекрасна сопруга и семејството што ги ставив во таква засрамувачка ситуација и се фокусирам да бидам најдобриот сопруг и татко што можам да бидам. Ова не беше тоа.

Особено сум горд што работам на Palmer. Сакам да продолжам да го снимам овој филм и сакам другите да го изгледаат.“

https://www.instagram.com/p/B5q_HOth4qJ/

Кратко по инцидентот, многу извори споделија дека помеѓу Џастин и актерката не се случува ништо. Тие биле само колеги, а целата филмска екипа сакала да се дружи.

Наводно, Џесика ја прифатила ситуацијата и парот се обидува да го заборави настанот.

ispiv-premnogu-i-zhalam-za-moeto-odnesuvanje-justin-timberlejk-se-oglasi-za-incidentot-so-alisha-vejmrajt-03.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Најзгодниот пар доби дете: Дејвид Гета сподели фотка со синчето и 24 години помладата девојка Кон крајот на минатата година, среде шпекулациите дека се разделиле, Дејвид Гета...
Џастин Бибер објави фотки на кои плаче - Проблеми во бракот со Хејли или влошено ментално здравје? Откако објави фотографии на коишто плаче, фановите почнаа да споделуваат свои те...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg