Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството
- Детали
- недела, 28 јануари 2024
И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со него управувал неговиот татко, Кит. Калкин вели дека татко му бил љубоморен на неговиот успех и дека бил и физички и психички насилен кон него...
Некои познати личности уживале во славата уште од најрана возраст, но тоа не значи дека биле среќни.
Голем дел од нив биле жртви на сопствените родители и неретко биле експлоатирани за пари.
Дел од овие ѕвезди во продолжение:
Деми Ловато
Деми Ловато немала голема поврзаност со нејзиниот татко, а од тој проблем произлегло нејзиното тешко детство и сето ова започнало кога Деми била бебе.
Подоцна, во свои лични излагања, Деми откри дека имала огорченост кон него во поголем дел од нејзиниот живот. Патрик починаа во 2013 година, без смирување со својата ќерка.
Тејлор Момсен
Тејлор Момсен е позната по улогата на Синди Лу Кој во „How the Grinch Stole Christmas“ и Џени Хемфри во „Gossip Girl“.
Таа „работела“ од нејзини 2 години, а за таа одлука им се налутила на родителите, велејќи дека ниту едно 2-годишно дете не сака да работи, но таа немала избор.
Има изјавено дека немала детство и дека кога растела никогаш немала вистински пријатели. Сепак, подоцна Момсен појасни дека ги сака своите родители и покрај неконвенционалното и тешко детство.
Гери Колман
Гери Колман беше главна атракција во 70-тите и 80-тите години. Како резултат на неговиот успех, Колман стана најплатениот детски актер на телевизија, но тој многу малку „почувствувал“ од тие пари.
По неколку години тој ги изведе на суд двајцата родители и финансискиот советник, тврдејќи дека тие ја присвоиле неговата заработка. Судијата застана во одбрана на Колман и тој доби одредена сума пари.
За жал, сите пари ги изгуби во текот на една деценија, поради здравствени проблеми и лоши деловни одлуки.
Мајкл Џексон
Таткото на поп-иконата Мајкл Џексон, Џо Џексон, бил менаџер кој сакал да има целосна контрола. Според изјави на Мајкл, Џо Џексон го малтретирал и физички и психички, честопати ги преоптоварувал своите деца и ги камшикувал со колан, како еден вид казна.
Џо призна дека го правел тоа, тврдејќи дека таквата казна не била невообичаена во тоа време.
Ширли Темпл
Ширли Темпл почнала да глуми на само четири години, откако била забележана од на кастинг во училиште за танцување.
Таа ги опишува нејзините рани улоги како „цинична експлоатација на детската невиност“ и пријави случаи на малтретирање на самиот почеток, како што е заклучување на деца во кабини за звук без прозорци.
Темп се пензионира во 1949 година на 21-годишна возраст.