Ќеркичката е среќна кога се заедно – Бредли Купер и Ирина Шајк на заедничка прошетка со Леа (фото)
- Детали
- понеделник, 25 јануари 2021
Насмевката на лицето на малечката Леа додека е заедно со нејзините родители е непроценлива – Бредли и Ирина поминуваат време заедно за доброто на нивната ќерка, иако се разделени.
Откако се разделија, Бредли и Ирина останаа во добри односи и го делат старателството над ќеркичката Леа, но ретко се појавуваат заедно.
Најчесто ги гледаме на посебни прошетки со нивната ќерка, но овојпат се „уловени“ како заедно влегуваат во автомобил сите тројца, во Њујорк.
Шајк и Купер се пример за тоа како треба да се одржуваат односите и да се поминува квалитетно време со децата и покрај разводот или разделбата.
Фотки од заедничкиот ден во Њујорк:
М. М. | Црнобело