Бен Афлек тешко се справува со разделбата од Ана де Армас – фрлил постер од неа во корпата за отпадоци (фото)
- Детали
- среда, 20 јануари 2021
После речиси цела година заедно, Бен Афлек и Ана де Армас раскинаа, а актерот тешко се справува со разделбата - фрлил постер од неа во корпата за отпадоци и изгледа многу послабо од вообичаено.
Бен Афлек и Ана де Армас беа заедно речиси цела година, но изгледа актерката решила да ѝ стави крај на врската. Според изворите, таа и актерот биле „на различни места во нивните животи“, па Ана сметала дека разделбата е најдобриот избор.
„Бен повеќе не е со Ана. Таа му раскина. Нивната врска беше комплицирана. Ана е млад авантурист - кога не работи, сака да патува. Таа не сака да живее само во Лос Анџелес, а Бен мора да биде таму поради неговите деца“, изјавил извор за светските медиуми.
Според друг извор, разделбата била заедничка одлука:
„Тие се на различни места во нивните животи, меѓу нив има многу љубов и разбирање. Бен продолжува да работи на себе. Го чекаат три ангажмани, а дома е одличен татко. И Бен и Ана се задоволни со нивните животи“.
Други извори тврдат дека помеѓу парот имало многу несогласувања, па затоа морале да раскинат и наводно, го направиле тоа преку телефон.
Истиот ден кога се расчу веста за разделбата, „осамна“ фотографија на која се гледа огромен постер од Ана де Армас во корпите за отпад пред домот на Бен Афлек. На фотографијата има маж облечен како собирач на отпад, кој го фрла постерот, а твитерџиите веднаш почнаа да шпекулираат дека тоа е братот на Бен – Кејси Афлек.
„Не можам да помислам на ништо посмешно од тоа дека Бен Афлек го натерал Кејси да го фрли постерот од Ана“ и „Тоа што Бен го натерал Кејси да го фрли постерот од Ана после раскинувањето е најсмешното нешто што се случило во Холивуд“ се само дел од коментарите.
Засега уште не е познато кој е мажот што се гледа на фотографијата, но најверојатно не е братот на актерот, туку собирач на отпад.
По раскинувањето, папараците го уловија и Бен Афлек пред неговиот дом, а се чини дека актерот тешко се справува со разделбата. Иако повеќето извори тврдат дека раскинувањето било заедничка одлука, наводно актерот се надевал дека врската со Ана ќе успее.
На најновите фотки актерот изгледа уморно и многу послабо од вообичаено.
Бен и Ана се запознаа на снимањето на трилерот Deep Water и тогаш ја почнаа врската. Во текот на летото тие беа неразделни и често беа забележувани во јавност.
Очигледно, актерот бил сериозен во врска со Ана, бидејќи ја запозна и со неговите три деца, а некои извори тврдеа дека почнале и да живеат заедно.
Спирова С. | Црнобело