Се заканувал дека ќе ја убие – Сопругот на Кристина Ричи доби забрана за приближување, откако го обвини за семејно насилство

Актерката Кристина Ричи побара забрана за приближување на нејзиниот сопруг, откако го пријави за семејно насилство, тепање и малтретирање, а изјавила и дека ѝ се заканувал со убиство и киднапирање на детето.

se-zakanuval-deka-kje-ja-ubie-soprugot-na-kristina-richi-dobi-zabrana-za-priblizhuvanje-otkako-go-obvini-za-semejno-nasilstvo01.jpg

Кристина Ричи го обвини нејзиниот сопруг, Џејмс Хирдеген, за семејно насилство, изјавувајќи дека тој ја тепал и малтретирал, пред таа да поднесе барање за развод во јуни минатата година.

40-годишната актерка вели дека еднаш морала да крие ножеви низ куќата, бидејќи Џејмс ѝ се заканувал дека ќе ја убие, притоа велејќи ѝ дека ќе му биде жал само ако била „исечена на мали парчиња“.

strav-mi-e-da-spijam-navecher-akterkata-kristina-richi-zhrtva-na-domashno-nasilstvo-pobarala-zabrana-za-priblizhuvanje-za-soprugot-02.jpg

Потресната приказна на актерката брзо стигна до светските медиуми и наводно, во документите што ги доставила до судот имало и фотографии на кои се гледаат модринки по нејзиното тело. Кристина побарала од судот да му даде забрана за приближување на Џејмс, а судиите ѝ го исполниле барањето оваа недела.

strav-mi-e-da-spijam-navecher-akterkata-kristina-richi-zhrtva-na-domashno-nasilstvo-pobarala-zabrana-za-priblizhuvanje-za-soprugot-03.jpg

strav-mi-e-da-spijam-navecher-akterkata-kristina-richi-zhrtva-na-domashno-nasilstvo-pobarala-zabrana-za-priblizhuvanje-za-soprugot-04.jpg

strav-mi-e-da-spijam-navecher-akterkata-kristina-richi-zhrtva-na-domashno-nasilstvo-pobarala-zabrana-za-priblizhuvanje-za-soprugot-05.jpg

Наводно, сега Џејмс не смее да ѝ се приближи на Кристина повеќе од 90 метри, не смее да му се приближи на нивното синче, ниту, пак, на нивното куче.

strav-mi-e-da-spijam-navecher-akterkata-kristina-richi-zhrtva-na-domashno-nasilstvo-pobarala-zabrana-za-priblizhuvanje-za-soprugot-07.jpg

Според адвокатот на Џејмс, сопругот на актерката тврди дека е невин, па дури и дека тој самиот ќе побара забрана за доближување за Кристина и наводно ќе открие докази за нејзиното „насилничко однесување под дејство на алкохол и други супстанци“.

Според светските медиуми, актерката тврди дека проблемите со насилство почнале кон крајот на 2019-та година. Џејмс ја нападнал, ја удирал и ја понижувал, а таа тогаш одлучила дека мора да поднесе барање за развод, после осум години брак.

Таа му кажала на Џејмс, но поради пандемијата и карантинот не можела да направи ништо, па останала заробена со него, а дури ѝ било страв да спие. Во тужбата, актерката навела два инциденти во јуни – еднаш Џејмс не ѝ дозволувал да се јави во полиција и повторно ја нападнал, а вториот пат ја нападнал пред нивниот син. Истиот месец, актерката поднела барање за развод.

strav-mi-e-da-spijam-navecher-akterkata-kristina-richi-zhrtva-na-domashno-nasilstvo-pobarala-zabrana-za-priblizhuvanje-za-soprugot-08.jpg

Кристина нагласила дека најмногу се плаши за нивното дете, бидејќи Џејмс неколкупати се заканувал дека ќе го киднапира. Истовремено, ги замолила судиите да го спречат Џејмс во намерата да ја понижи и посрамоти со слики и видеа што ги направил додека биле заедно.

Кристина и Џејмс се запознаа на сетот на Pan Am, беа во врска две години, а се венчаа во 2013-та. Во 2020-та Кристина поднела барање за развод, наведувајќи ги разликите помеѓу нив како причина.

strav-mi-e-da-spijam-navecher-akterkata-kristina-richi-zhrtva-na-domashno-nasilstvo-pobarala-zabrana-za-priblizhuvanje-za-soprugot-06.jpg

Сега актерката ја откри вистинската причина за оваа одлука, а бара и целосно старателство за нивниот син.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати жени кои биле жртви на семејно насилство (и отворено зборуваа за тоа) Сигурно се сеќавате на потресните фотографии од Ријана на кои пејачката е со мод...
Татко ѝ сакал да основа култ, бившиот сопруг пробувал да ја убие – Мрачни детали од животот на Крист... По детството со насилен татко, Кристина Ричи изјави дека ја повторила грешката к...
Колин Фарел со ретка изјава за 20-годишниот син со пречки во развојот: „Само сакам луѓето да бидат д... „Ова е првпат отворено да зборувам за него и не можам да го прашам дали се согла...
Мал телевизор, пластични полици во бањата: Скромниот дом на Дру Баримор е хит на ТикТок Иако има богатство од над 120 милиони долари, домот на Дру Баримор е релативно с...
Светски и регионални ѕвезди кои очекуваат (или добија) дете во 2024-та Роберт Патинсон и Суки Вотерхаус го очекуваат нивното прво дете, додека Милош Би...
Кристина Еплгејт имала анорексија пред ракот на дојка и мултипла склерозата: „Сакав да ми се познава... Пред да го победи ракот и пред да добие дијагноза за мултипла склероза, актеркат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg