Татко ѝ сакал да основа култ, бившиот сопруг пробувал да ја убие – Мрачни детали од животот на Кристина Ричи

По детството со насилен татко, Кристина Ричи изјави дека ја повторила грешката кога се венчала со насилен сопруг. А, кога побарала развод, тој ја истепал…

tatko-sakal-da-osnova-kult-bivshiot-soprug-probuval-da-ja-ubie-mrachni-detali-od-zhivotot-na-kristina-richi-01.jpg

Кристина Ричи ја доби првата улога на 9-годишна возраст, а веднаш потоа доби една од главните улоги во популарниот The Addams Family.

Актерката имаше улоги и во бројни други култни филмови, како Casper, и во 1990-тите беше идол на тинејџерите ширум светот.

На само 17 години, почна да снима и посериозни филмови, како Prozac Nation, и си ја зацврсти репутацијата на една од најквалитетните холивудски актерки.

Сепак, животот на Кристина, особено детските години, биле особено тешки за неа. А, и самата има изјавено дека станала актерка само за да избега од хаосот во нејзиниот дом.

Неколку тажни детали од животот на познатата актерка:

Татко ѝ ја малтретирал

Пред година-две, Кристина Ричи прозборе за нејзиното проблематично детство.

„Луѓето мислат дека сите мои трауми се поради славата што ја стекнав рано во животот.

Но не – сите мои трауми се од детството, од насилството во моето семејство“, изјави таа за The Guardian.

tatko-sakal-da-osnova-kult-bivshiot-soprug-probuval-da-ja-ubie-mrachni-detali-od-zhivotot-na-kristina-richi-0.JPG

Во друго интервју, таа вели дека од најрана возраст морала да научи да се справува со насилството.

„Пораснав во многу хаотично опкружување. Бев најмалото дете.

Бев слатко дете, па од рана возраст сфатив дека мојата способност да изгледам слатко и убаво може да ја намали тензијата во некои ситуации…

Сепак, не би сакала да навлегувам во повеќе детали“.

tatko-sakal-da-osnova-kult-bivshiot-soprug-probuval-da-ja-ubie-mrachni-detali-od-zhivotot-na-kristina-richi-03.JPG

Татко ѝ сакал да основа култ

Родителите на актерката се развеле кога таа имала 13 години и таа не е во контакт со татко ѝ.

Кристина има откриено дека татко ѝ бил особено тежок човек кој имал и чудни занимања, како „терапевт за примитивно врескање“.

Неодамна, пак, го нарече и „неуспешен лидер на култ“.

„Татко ми беше неуспешен лидер на култ и имаше истакнати одлики на нарцизам – нешто што оди заедно со желбата да се основа култ.

Беше физички насилен. Никогаш немаше мир во нашиот дом“.

tatko-sakal-da-osnova-kult-bivshiot-soprug-probuval-da-ja-ubie-mrachni-detali-od-zhivotot-na-kristina-richi-04.JPG

Таа го опишува и како параноичен маж кој им ги наметнувал своите бизарни верувања на децата и сопругата.

Навечер, целото семејство морало да јаде заедно, без исклучоци, а татко ѝ тогаш ја користел можноста да им проповеда.

„За среќа, мислам дека неговите луди верувања немаа влијание врз мене бидејќи ми беше јасно дека се лага“.

tatko-sakal-da-osnova-kult-bivshiot-soprug-probuval-da-ja-ubie-mrachni-detali-od-zhivotot-na-kristina-richi-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg