Татко ѝ сакал да основа култ, бившиот сопруг пробувал да ја убие – Мрачни детали од животот на Кристина Ричи
Беше во врска со насилен партнер
Во 2022 година, актерката држеше говор на настан за подигнување на свеста за семејното насилство.
„Бев дете кое порасна во насилно семејство, а потоа ја повторив грешка и како возрасна“, изјави тогаш.
Една година претходно, Кристина поднесе барање за развод и откри дека сопругот ја малтретирал психички, но и ја тепал.
Физичкото насилство почнало во 2019-та, а кога побарала развод, ја истепал.
За време на пандемијата, пак, кога не можевме да излегуваме од дома, Кристина изјави дека била заробена во нејзината куќа со насилен партнер.
Во една пригода, поранешниот сопруг фрлил стол кон неа, а еднаш почнал да ја влече кон камин во кој имало оган.
Побара забрана за приближување, но законот не ја заштити
Кристина стравувала за својот живот и со разводот побарала и забрана за приближување, Но, била одбиена.
Имено, сопругот почнал да тврди дека таа пиела и го изложувала на ризик нивниот син, што не било точно.
И покрај насилството, Кристина и бившиот сопруг имаат заедничко старателство над синот.
Но, барем таа го има главниот збор за важни одлуки, како избор на факултет.
Страдаше од нарушување во исхраната
Иако си ја сака професијата, Кристина истакнува дека притисокот од забавната индустрија имал влијание врз нејзиното здравје.
Па, во тинејџерските години развила и нарушување во исхраната.
„Го криев нарушувањето, но некој дознал и кажа на сите…
За 14-годишна девојка, која пробува да се справи со нарушување во исхраната, тоа беше ужасно“.
Актерката вели дека не ѝ бил пријатно што сите постојано ѝ суделе за изгледот.
„Замислете си, минувате низ пубертет, телото ви се развива, а сите постојано гледаат во вас.
Особено кога имав проби за костими за филмови – сите ми судеа и ме критикуваа за изгледот“.
Ќе заработела тужба бидејќи не сакала да сними секс сцена
Кристина не откри многу детали, но еднаш изјави дека ѝ се заканувале со тужба поради секс сцена.
„Среќна сум што денешните актерки не треба да минуваат низ она што минував јас и другите постари колешки.
Тие можат да кажат дека не сакаат да снимаат некоја секс сцена, можат да постават граници – нешто што нам не ни беше дозволено.
Еднаш ми се заканија со тужба бидејќи не сакав да снимам секс сцена за филм.
Се сеќавам, реков дека не се чувствувам пријатно со сцената, а тие ми рекоа дека ќе ме тужат ако не ја снимам. Не ја снимив сцената и, за среќа, не ме тужеа“.
Спирова С. | Црнобело