Кристина Еплгејт имала анорексија пред ракот на дојка и мултипла склерозата: „Сакав да ми се познаваат коските, јадев само 5 бадеми дневно“
- Детали
- петок, 17 мај 2024
Пред да го победи ракот и пред да добие дијагноза за мултипла склероза, актерката Кристина Еплгејт страдала од анорексија. Нарушувањата во исхраната почнала кога имала само 15 години, а вели дека голем виновник е и мајка ѝ која ја терала да следи програми за слабеење.
Актерката Кристина Еплгејт веќе извесен период боледува од мултипла склероза, а низ годините имаше и други посериозни проблеми со здравјето.
Таа имаше рак на дојката, а откако ја победи болеста одлучи да ги отстрани и јајниците.
Кристина изјави дека се плашела дека болеста повторно ќе се врати, па затоа презела драстични превентивни мерки.
Кристина отсекогаш била отворена за нејзиното проблематично здравје, а сега откри дека во младоста страдала и од анорексија.
Во ново интервју, 52-годишната актерка вели дека проблемите со нарушувањето во исхраната почнале кога имала само 15 години, односно во 1987-ма.
Тој период почна да се емитува и серијата што ја прослави – Married… With Children.
А, Кристина вели дека во голема мера, мајка ѝ е виновникот, но и нејзината загриженост за тоа како ќе изгледа на телевизија.
На актерката ѝ било тешко да го прифати изгледот на своето тело, откако дете од соседството ѝ рекло дека е дебела.
Потоа, кога ја добила улогата во серијата, мајка ѝ ја натерала да следи строга програма за слабеење, без разлика што Кристина имала едвај 15 години.
„Мајка ми имаше многу натпреварувачки дух. Кога ќе стигнев тежина од 49 килограми, гордо ме прашуваше како сум успеала. Мојата тајна беше тоа што имав нарушување во исхраната“.
Кристина истакнува дека еден период, во текот на денот јадела само по пет бадеми.
„Ако изедев шест бадеми, плачев и не сакав да излезам од дома. И, така се чувствував со години“.
Во серијата, ликот на Кристина честопати носи кроп-топ маички и слични разголени аутфити, па вели дека добивала дополнителен притисок да изгледа добро во таква облека.
„Сакав да ми се познаваат коските, па не јадев.
Другите беа исплашени бидејќи бев многу слаба, дури и ми зборуваа за тоа. Но, јас мислев дека сум огромна“.
Претходно актерката има изјавено дека сега е задоволна од својот изглед, иако качи некој килограм поради болеста.
Вели, најпрво ѝ било тешко дури и да ја гледа нејзината серија Dead to Me поради вишокот килограми.
„Не сакав да се гледам како се мачам. Исто така, се здебелив 18 килограми поради неактивноста и лековите и не сакав да се гледам, се чувствував како да не сум јас.
Но, по некое време се дистанцирав од моето его и сфатив дека серијата сепак е убава“.
Кристина откри дека има мултипла склероза во 2021-ва, но и покрај болеста, сними уште неколку епизоди од нејзината серија, а се појави и на доделувањето на Еми наградите во јануари каде што доби стоечки и овации.
Прочитајте и: „Морам да носам пелени, но барем секогаш имам паркинг“: Кристина Еплгејт за животот со мултипла склероза
Спирова С. | Црнобело